Македонија

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Хрон аргументира за потеклото на етничноста и јазикот на Македонците со следниве аргументи: „Врз основа на моите студии на српско-бугарскиот спор, дојдов до убедување дека Македонците како по својата историја, така и по својот јазик, се посебна народност, значи ниту се Срби, уште помалку Бугари, туку се потомци на оние словенски прадоселеници кои го населувале Балканскиот Полуостров веќе долго пред српската и бугарската инвазија, и кои подоцна со ниедна од овие две нации не се измешале… На кој јазик зборуваат Македонците? Може да се потврди дека македонскиот јазик со своите сопствени закони за развитокот на гласовите, како и според неговите граматички правила формира еден сопствен јазик, што досега нема своја сопствена литература…“  На 27 декември 2025 година е навршија 173 години од раѓањето на чешкиот македонист Карл Хрон, чија бележита студија „За народноста на македонските Словени“ безмалку од пред век и половина ги урива и ги обесмислува сите бугарски, но и грчки и секакви други фалсификати за македонскиот народ и неговиот македонски јазик и идентитет.

Карл Хрон (27.12.1852 – 22.2.1912) е австриски публицист и јазичар од чешко потекло, кој живеел во Австро-Унгарската држава. Како еден од истакнатите европски испитувачи на Македонија, Хрон бил компетентен и квалификуван да утврди правилна проценка за македонскиот народ. За тоа сведочи неговата биографија. Во неа пишува: „За време на своето служење во австриската војска од 1869 до 1883 година извесно време поминува на Балканот… По напуштањето на воената служба работи како новинар. Во 1888 година бил уредник на будимпештанскиот весник ‘Пастер Лоис’. Во тоа време бил на патување низ Босна, Албанија и Македонија. Во Македонија османлиските власти го затвориле како можен агитатор. По напуштање на Македонија и краток престој во Унгарија, Хрон заминува во Австрија каде работи како уредник на германскиот народен весник  – „Deutschen Volksblattes’.“

Во тоа време Карл Хрон е познат поблицист, докажан со бројни написи за теми актуелни за неговото време.  Во 1889 година ќе го привлече вниманието на Карл Хрон појавата на две книги посветени на Македонија, „Топографско-етнографски преглед на Македонија“ од Стефан Верковиќ и „Македонија и Стара Србија“ од Спиридон Гопчевиќ, во кои се застапени пробугарски и просрпски ставови. Како  публицист, кој долго престојувал во јужнословенските земји и добро ги познавал јазиците и историјата на народите, а со тоа и политичките случувања, меѓу кои и македонското прашање, Карл Хрон ќе одговори на предизвикот на Верковиќ и Гопчевиќ, изнесувајќи ги  своите сознанија за историјата на Македонија и етничкиот карактер на Македонците во студијата „Народноста на Македонските Словени“  (Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens). Појавата на книгата на Карл Хрон во Србија била жестоко критикувана, додека во Бугарија до денес апсолутно и не се споменува како воопшто да не постои. Жестоките и втемелени погледи на овој македонист се исклучително значајни и актуелни и денес.

Во „Народноста на македонските Словени“, Карл Хрон, покрај другото, истакнува: „Во петтата глава се обидува Гопчевиќ да ја коригира светската историја… Но тој без сомнение нема да ме разубеди дека Македонците не се Срби, уште помалку Бугари, туку Македонци, и тоа директни потомци на оние Словени, што ја населуваа Македонија уште долго време пред српската и бугарската инвазија,  без да се измешаат подоцна со Србите или Бугарите…“

Натаму Хрон укажува дека „за оцена на националните односи се важни и следниве фактори од бугарската историја“: (1) дека Македонците како за време на Првото, така и на Второто бугарско царство беа завојувани со Бугарите…; (2) дека Македонците секогаш имаа своја сопствена црковна организација, чија Патријаршија се наоѓаше во Охрид… Ако се тргне од оваа мала историска скица… тогаш е невозможно да се прифати дека Македонците припаѓаат кон бугарските или српските племиња, а повеќе се чини дека, место со туѓи, тие се исполнети со сопствени елементи…“

 Според Хрон, „во секој случај може да се докаже, како според нивната историја така и според нивниот јазик, дека Македонците не се ниту Срби, а уште помалку Бугари“. „Македонците се посебен народ, директни потомци на оние словенски прадоселеници, кои го населувале Балканскиот Полуостров уште долго време пред српската и бугарската инвазија и кои не се измешале со ниту еден од овие два народа.“ – посочува тој.

Хрон поентира: „Заклучок“: денешните акти за прашањето на националната припадност на Македонија се уште не се затворени, а пред тоа да може конечно да се реши, ќе биде потребно непартијно и стручно, на самото место, да се соберат истражувачки извештаи за особеностите на јазикот, обичаите, навиките, традицијата, народните песни и др. Колку повеќе ја гледам целината на досегашните заклучоци, станувам се поцврсто уверен дека посебната националност на Македонците ќе биде со напредувањето во испитувањата се појасна и подокажлива.“

„Нова Македонија“

(Авторот изнесува во колумната согледувања од сопствена уставно-политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ниедна политичка партија во Република Македонија. Согледувањата на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“).

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Пред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Најнови вести

To top