Македонија

И Карерас запеа „Едно име имаме“! (ВИДЕО)

Овации за тенорот од светски глас од скопската публика за отпеаните стихови од патриотскиот евергрин на Јонче Христовски

Хосе Карерас ја одушеви многуилјадната публика на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ги освои срцата на Македонците каде и да се со придружувањето на македонските музички ѕвезди во изведбата на патриотскиот евергрин „Едно име имаме“ на бардот на македонската народна песна Јонче Христовски.

Оперскиот тенор од светски глас не ги штедеше гласните жици на крајот од концертот во чест на 35-годишнината од независноста на Република Македонија да ги отпее стиховите на македонски јазик што будат огромни емоции кај секој Македонец, а публиката го награди со долготраен громогласен аплауз придружен со скандирање „Македонија! Македонија!“.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top