Македонија Бизнис

Има или не реално поскапување на живејачката за една година?!

Секаде во светнот, но нее имун ни Македонија, растат трошоците за живот, а растат и платите – но не кај сите. Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се […]

Секаде во светнот, но нее имун ни Македонија, растат трошоците за живот, а растат и платите – но не кај сите. Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се зголемиле за 1,5%. Зголемувањето на инфлацијата, според Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот на храната и пијалоците за 4.1%, за разновидни стоки и услуги за 1.5%, алкохолни пијалoци, тутун и наркотици за 0.8%, како и за облека и обувки за 0.5%.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, изјави дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, но потврди дека има поскапувања кај сезонски производи. Статистиката, пак, покажува дека за една година трошоците на животот се зголемиле за 3.3 %.

Граѓаните во мај имале поголеми издатоци и за рекреација и култура, за купување мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата. Во меѓу време, новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески по назначувањето на функцијата најави фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството.

  • Единствено што треба да се трудиме, што е и законска цел на НБРМ, во соработка со фискалната власт, односно Министерството за финансии, да обезбедиме ниска инфлација, односно стабилност на цените. Инфлацијата да биде во рамките на онаа во еврозоната, затоа што само така ќе одржуваме и конкурентност на нашата економија. Доколку како во изминатите неколку години имаме инфлација или стапка на инфлација двојно повисока од таа во еврозоната, тоа не е пожелна состојба“, вели Славески.

Според него, ставот на Владата е дека само ниска и стабилна инфлација која нуди предвидливост и за граѓаните и за бизнисот може да биде основа и поддршка на развојните политики во иднина кои ќе обезбедат стабилен посакуван раст на македонската економија и на среден и на долг рок.

Деновиве и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, рече дека проблемот околу инфлацијата, просечната плата е малку покомплексен и треба време за да се среди.

  • Работиме во континуитет, не сме застанале во тој дел“, децидна е министерката.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

„Н.М“: Споменувањето на МПЦ-ОА како „северномакедонска црква“ во литургијата на Даниил и Вартоломеј е отсекување на милениумите на македонскиот идентитет и црковните традиции!

На 27 декември во црквата „Свети Стефан“ во Истанбул, во литургијата на бугарскиот патријарх Даниил во сослужување со цариградскиот патријарх Вартоломеј не е спомената Македонска православна црква – Охридска архиепископија, туку „Православна црква на Северна Македонија“. Поглаварот на МПЦ – ОА Архиепископот Македонски и Охридски Стефан е вака споменат, туку како што е признаен од […]

Министер Алиу: 50% од населението во Македонија се зависни од цигари

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, истакна дека длабока анализа на постојната состојба покажала дека околу 50 отсто од популацијата во Македонија е зависна од цигари

To top