Македонија

IN MEMORIAM: Македонија загуби еден од своите последни првоборци од НОБ

Замина д-р Никола Стојановски, првиот претседавач на повеќепартиското Собрание и легенда на македонската медицина

На 103-годишна возраст почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство.

Тој беше првиот претседавач на конститутивната седница на повеќепартиското Собрание на Македонија во 1991 година, долгогодишен претседател на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) 1941-1945 и еден од последните живи учесници во Народноослободителната борба.

Роден на 8 февруари 1923 година во велешкото село Скачинци, д-р Стојановски беше сведок и учесник во клучни историски периоди на земјата. Како гимназијалец учествувал во штрајкот на велешките ученици во март 1942 година против воведувањето на бугарскиот јазик во наставата, а подоцна станал партизан во НОБ.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград во 1952 година, а специјализација по педијатрија завршил во Загреб во 1958 година. Целиот свој работен век го посветил на децата како педијатар и хематолог во Велешката болница, каде бил и директор. За него велешаните имаат само пофални зборови – бил познат по посветеноста, спокојството и љубовта кон пациентите, без разлика на потеклото.

Како најстар пратеник во првиот повеќепартиски состав, на 8 јануари 1991 година ја водеше конститутивната седница на Собранието сè до изборот на Стојан Андов за претседател.

„Се сеќавам на тоа турбулентно време. Секоја партија сакаше да преовладува… Но, морав смирено да ја водам седницата“, раскажуваше тој.

Во последните години престојуваше во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, каде во февруари 2026 година го прослави 103-тиот роденден. Местото и времето на погребот ќе бидат дополнително објавени.

Со смртта на д-р Никола Стојановски Македонија загуби еден од последните живи сведоци на антифашистичката борба, симбол на посветеност на медицината и важна фигура од раните денови на независна Македонија. Неговото дело останува впишано во темелите на македонското здравство и историја.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top