Македонија

ИНА: Студентите-Албанци се мобилизираат за втор протест во Скопје, заради правосудниот испит на албански јазик! – Ова е широк студентски бунт!

„Ако мислевте дека застанавме, погрешивте!’ – Албанските студенти најавуваат втор протест во Скопјe поради испитот по право на албански јазик.“ – објави денес информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ИНА наведува: „Ако мислевте дека застанавме, се погрешивте! Го игнориравте првиот, вториот доаѓа!’ – со оваа моќна порака, албанските студенти на правните факултети во С.Македонија почнаа да се мобилизираат за одржување втор протест во Скопјe, враќајќи го во центарот на вниманието барањето да се одржи испитот по правосудство и на албански јазик. По првиот протест студентите велат дека ‘институциите и албанските политички претставници ветиле брзо решение на проблемот, но досега не е преземен никаков конкретен чекор’.“


„Реагираше и Народниот правобранител, испраќајќи официјално писмо до Владата, а беше најавено и формирање работна група за надминување на проблемот. Сепак, според студентите, сè остана само на декларативно ниво. ‘Имаше многу ветувања, но нема резултат. Никаква одлука, никаква конкретна промена и нема јасен рок.’ – велат организаторите на протестот. Првите сигнали за организирање на вториот протест веќе започнаа. Во неделата попладнето студентите по право од албанските универзитети во земјата, кои минатиот пат протестираа во Скопско, почнаа да се мобилизираат од Куманово, најавувајќи проширување на активностите и поголема координација во наредните денови.“

„Протестни пораки и натписи се појавија во неколку градови во земјата, додека студентите инсистираат дека нивното барање не е политичко, туку основно право –можност за полагање на стручен испит на мајчин јазик. Она што првично се третираше како административен проблем, сега се претвора во поширок студентски бунт. Во центарот на критиките се институциите кои, според студентите, продолжуваат да го одолговлекуваат решението за проблем што директно ги засега илјадниците албански студенти и дипломирани студенти, иако тоа е фундаментално право загарантирано со закон.“ – објави ИНА.


Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top