Македонија

„Иновативни“ злоупотреби во македонското земјоделство и сточарство: се пријавуваат за субвенции со ушни маркички од угината стока!

Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА.

– Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај кравите, што се случува? Има класична злоупотреба на ушните маркички со кои е обележано секое грло. Грлото угинува, а сопствениците едноставно ја земаат маркичката, ја чуваат и сѐ уште врз основа на таа маркичка го пријавуваат животното иако тоа е веќе угинато. Во една неофицијална акција што сега ја направивме, се покажа дека на хартија имаме скоро 400.000 овци, а реално се околу 250 до 280.000. Се работи за разлика од 100 до 130-140.000 грла. Тоа се сериозни пари ако се земе предвид што како финансиска поддршка ги добиваат сопствениците по овца – од приплод, млеко… Сега со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) размислуваме секое грло да има чип што ќе може да се чита со обичен читач. Дури и со GPS локатори ќе можеме да ги следиме грлата, ако дојдеме до тој момент – вели министерот.

Серафимовски оценува дека ваквата ситуација може да се надмине само со засилени контроли, но апелира и до земјоделците – да бидат максимално одговорни и да го пријавуваат реалното производство.

– Еден декар тутун може да произведе 400 до 600 килограми тутун, зборуваме во некои максимални приноси. Значи, на два декари се тон и 200. Не може да пријавите 10 тони тутун. Зошто се прави тоа? Едни злоупотребуваат, други земаат површини од трети лица и истите тие површини ги обработуваат, а првичното лице кое е корисник на површината, дали е приватна или концесија, ги зема субвенциите. И сега тука ние се обидуваме преку Инспекторатот и контролите на Агенцијата за финансиска поддршка да ги откриеме и да ги прекинеме тие неправилности. И субвенциите не одат директно кај земјоделецот кој произведува, туку одат кај некој што зел, хипотетички, 100 хектари површина, не ја работи, ќе ја даде на трето лице да ја обработува. И сега овој има интерес бидејќи сака да работи, а не успеал да земе од различни причини – не исполнувал услови, немал банкарски гаранции (зашто мора да се гарантира за тие површини). Овде има класична злоупотреба на субвенциите – потенцира министерот.

Случаи на злоупотреба има и кај откупот на млекото.

– Се знае колку може една крава да даде млеко на дневна основа, а ние имаме пријавено многу поголеми количини кои се, практично, нереални. Само со контроли и директно со санкции можеме да ставиме ред. Тогаш сите ќе бидат свесни. Пред десетина, 15 години, можеби и повеќе, ако некој земјоделец пријавеше несоодветни површини или извршеше злоупотреба на субвенциите, му се забрануваше наредните три години. На тој начин ќе ја елиминираме класичната злоупотреба, зашто секој сака да добие, никој не сака да изгуби – вели Серафимовски.

Тој вели дека со новите сателитски снимки може да се дојде до 50 сантиметри висина и да се следи развојот на земјоделските култури.

Според министерот, субвенциите не треба да бидат социјална компонента, туку треба да стимулираат раст на производството во почетна фаза.

– Најголемите гласноговорници се оние со еден декар патлиџани, оранжерија од два декара, четири овци и три крави. Субвенциите треба да стимулираат одреден раст во почетна фаза. На пример, јас сакам да инвестирам во земјоделство како повратник од странство или млад земјоделец – му даваме грант и тој треба да добива субвенции додека се изгради како земјоделец и има сигурен пласман. Ако насадиме повеќегодишни насади, потребни се 4 – 5 години за правиот род. Значи, ние треба да го стимулираме земјоделецот во тој период, за да издржи и потоа да има сопствено производство, да продолжи со развојни мерки, инвестициски – национална програма, рурална програма, ИПАРД програми, да го модернизира земјоделството, да оди кон фаза во која ќе има сигурно производство, квалитет, агротехнички мерки како што треба – објаснува Серафимовски.

Најнови вести од: Македонија

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top