Македонија

Иселувањето има поголемо влијание од наталитетот, реагира демографот Герасимовски

Македонија губи првачиња со рекордно темпо. Демографијата, иселувањето и намалениот наталитет оставаат последици врз бројот на ученици и работната сила, предупредува Дончо Герасимовски.

Наталитетот полека, но сигурно опаѓа. Во септември во училишните клупи ќе седнат околу 4.900 помалку првачиња во споредба со минатата година, покажуваат првичните податоци на Министерството за образование. Иако бројката сè уште не е конечна, бидејќи претстојат дополнителни уписи, станува збор за сериозен пад кој отвора прашања за демографијата, иселувањето, наталитетот и иднината на образовниот систем во Македонија.

Познавачите на состојбите реагираат дека состојбата не чини, не од сега, туку со години наназад. Според Дончо Герасимовски, потребна е подлабока анализа на бројот на живородени деца и нивна споредба со бројот на запишани првачиња. „Намалувањето на бројот на живородени деца влијае врз бројот на ученици, но не во мера која би објаснила пад од речиси 5.000 првачиња за само една година. Тоа покажува дека иселувањето има значително влијание врз овие бројки“, вели тој. Посочува дека Македонија подолг период се соочува со негативен природен прираст, односно бројот на починати е поголем од бројот на родени. Тоа го потврдуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои во 2025 година се родени вкупно 15.932 деца, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со минатата година.

Дополнителен проблем, вели Герасимовски, е што голем дел од младите семејства ја напуштаат државата, а нивните деца се раѓаат и се школуваат во странство. Според него, вообичаено бројот на ученици на крајот од учебната година е за 1.000 до 1.500 помал од бројот на почетокот на учебната година. Но, сегашното намалување е два и пол пати поголемо и затоа претставува сериозен аларм.

Најнови вести од: Македонија

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Скопје се обратил на конференцијата „Безбедноста во Западен Балкан“, организирана од германскиот институт „Аспен“ (Aspen Institute Germany) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„КАЖИ НЕ!“ – кампања на МВР против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор (ВИДЕО)

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор

Јовановски: На негирањата на македонската историја ќе одговориме со научна храброст и смиреност

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција што ја организира Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ по повод 80 години од неговото основање. Програмата опфаќа неколку пленарни и тематски сесии посветени на историските процеси, националните наративи, културните и дипломатските односи, како и на современите пристапи во историските истражувања. Учесниците ќе се претстават со реферати за историјата на Македонија од средновековниот период до современата државност, за односите на Балканот, османлискиот период, светските војни и меѓународните историски влијанија.

Најнови вести

To top