Македонија Бизнис

Исплатена нова транша од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните компании

Средствата станаа оперативни откако Владата на седница на 28 јануари годинава донесе одлука за нивно ставање на располагање на компаниите.

Министерството за финансии до Развојната банка ја префрли петтата транша од унгарскиот заем наменет за компаниите. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук-профил објави дека вредноста на оваа, нова, транша е 700,9 милиони денари, односно 11,3 милиони евра. Според соопштението од Министерството, средствата се префрлени од Буџетот, по добиено барање од Развојната банка и откако деловните банки ги одобриле проектите.

Досега се префрлени пет транши во вкупен износ од 171,1 милиони евра. Овие пари се обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се пласираат средства по поволни услови за реализација на инвестиции во приватниот сектор.

Министерството информира дека искористеноста на оваа кредитна линија од страна на домашните компании досега изнесува 68 отсто.

Во Буџетот за 2025 година, за поддршка на домашната економија се проектирани вкупно 250 милиони евра.

Компаниите имаат пристап до кредити со рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Каматната стапка изнесува 1,95 проценти без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност, а во целиот проект се вклучени сите 13 банки.

Договорот за заем со Унгарската експорт-импорт банка беше потпишан во октомври минатата година во Будимпешта. Кредитот е во висина од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие влегоа како средства во буџетот, од каде 250 милиони евра се насочени кон Развојната банка, а таа преку комерцијалните банки ќе ги пласира на приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти, односно за финансирање на проектите на општините.

Средствата станаа оперативни откако Владата на седница на 28 јануари годинава донесе одлука за нивно ставање на располагање на компаниите.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

To top