Македонија Бизнис

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, најмногу пари за проекти за мали бизниси

Развојна банка ја исплати третата транша во износ од 41,3 милиони евра кон деловните банки за 175 одобрени проекти на домашните компании, од кредитнатата линија за инвестиции и развој.

Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за  инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра.

Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45%  во градежи, 47% во опрема, 2%  во обновливи извори на енергија и 6% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата, информираат од Развојната банка.

Со оваа транша, Развојна банка, досега исплати вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 470 проекти на домашните компании.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top