Македонија

Испука патот кон скопски „Теферич“

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска објави дека е донесена одлука за итно затворање на патот по извршен повторен увид на терен и стручни анализи

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска објави дека е донесена одлука за итно затворање на патот по извршен повторен увид на терен и стручни анализи.

Таа на Фејсбук соопшти дека одлуката била донесена по заедничката проверка со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и во координација со надлежните институции.

„По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец“, објави градоначалничката.

Од општината уверуваат дека веќе се работи на трајно решение.

„Интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето“ наведува Стаменкоска Трајкоска.

Градоначалничкат упати апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација.

„Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција“,  порача Стаменкоска Трајкоска.

 

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top