Македонија

Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари

10 милиони евра приходи повеќе од истиот месец минатата година

Царинската управа успеа да забележи приходи од прилика нешто над 12,6 милијарди денари што претставува рекорд во историска смисла што не се случил никогаш откако постои, истакна денеска премиерот Христијан МИцкоски при посетата на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.

-Главните два потока, со кои што се полни буџетот доаѓаат од Царинската управа и Управата за јавни приходи. Заедно со министерката за финанси имаме личен фокус на работењето на овие две институции и можам да кажам дека во јули, конечно после онај период на стабилизирање и заздравување на македонската економија, и двете институции забележаа исклиучително добри резултати, изјави премиерот Мицкоски.

Царинската управа успеа да забележи приходи од прилика нешто над 12,6 милијарди денари, или 10тина милиони евра приходи повеќе од истиот месец минатат година рече премиерот.

-Царинската управа успеа да забележи приходи од прилика нешто над 12,6 милијарди денари што претставува рекорд во историска смисла што не се случил никогаш откако постои. И покрај одредени високи пикови на горивата и нафтените деривати во минатото, и покрај некоја просечна цена која што сега ја имаат и приходите од акцизата кои што се помали, бидејќи тие ја следат цената на нафтат и нафтените деривати. Царината успеа да забележи повеќе од 10тина милиони евра приходи од истиот месец минатат година, појасни Мицкоски и додаде:

„Истото се случува и во УЈП, која што има близу милијарда повеќе наплатено за истиот месец од минатата година дена, и притоа имаме поголем нето ефект за 7-8% споредено со минатат година, со тоа што повратот на ДДВ е поголем за 30% споредено со истиот месец од минатат година. И двете институци бележат историски резултати, а тоа значи дека се работи на намалување на сиват економија и се работи на зголемување на дисциплината“, додаде Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top