Македонија

Ивица Томовски најави тужба за клевета против СДСМ

„Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДС, го објавиле мојот број кој е јавно достапен

Директорот на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски тврди дека не е сопственик, ниту, пак, е близок со фирмата која денеска ја спомена на прес-конференција СДСМ во рамки на таканаречените „бомби 2.0“ и најави дека ќе ја тужи партијата за клевети.

– Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба – вели Томовски во објава на Фејсбук.

Тој е зачуден што СДСМ објавила негов број кој е веќе познат на јавноста.

– „Јака“ работа завршил антикорупцискиот тим на СДС – го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име вели тој.

Во одговорот на Фејсбук Томовски вели дека не сфаќа зошто е „криминал“ фирма која не е моја да учествува и победи на тендер, а не беше криминал кога фирмите на Заев, додека тој беше премиер, учествуваа и победуваа на тендери; кога вицепремиерот на неговата влада му гради модуларни болници на министерот за здравство Венко Филипче; и кога владата на премиер од СДСМ на сопствената сопруга ѝ доделуваше земјиште и лиценца за фотоволтаици.

– Ако ваквото, би рекол ниско и уличарски толкување на политиката е нивниот најсилен адут, убеден сум дека на следните избори партијата на (Зоран) Заев, со Филипче како изведувач, ќе биде и под најслабата бројка што ја добија на последните избори. Знам дека прашањата за честа и моралот нема да ги разберат – тоа тешко им оди. Но ако тие се такви, другите не се. Криминалот нема моќ пред човек со образ и држава со закон. Институциите треба да ја сработат својата работа – вели Томовски.

Тој додава дека тактиката во која крадецот вели „држете го крадецот“ е стратегија својствена за човек облеан во стравови, морално руиниран и без елементарна почит – барем кон самиот себе.

– Таквиот прототип на политичар е подготвен, дури и по цена на угледот на сопствените деца и најблиските, да стигне до целта. Од оваа партија два дена повторуваат: „не се извинуваме на криминалци“. Да бидам искрен, знаејќи од каде доаѓа сето ова, и од стравот и фрустрираноста на ваквите „тастатура-политичари“, не ни очекував извинување. Затоа што, за да го направат тоа, е потребно образ, храброст и морален дигнитет – нешто што одамна е докажано дека го нема ниту Заев, ниту неговиот најдобар ученик со најлоши навики – Венко Филипче – вели Томовски.

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави, како што рекоа,  нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски „Сити аутсорсинг“ го чисти буџетот. Или со бројки, 5,3 милиони евра за 161 тендер.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

To top