Македонија

Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев, Филипче го зацврстува кругот на Заев во СДС наместо да го реформира

Овој потег на Филипче само ја зацврстува перцепцијата дека кадровските одлуки во СДС сè уште се диктираат од Заев. Заев сè уште ја контролира внатрешната структура на партијата.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче продолжува да биде спотер на Заев и да се потпира на кадри кои се сметаат како дел од политичкиот круг на Заев.

Филипче кадровските решенија во СДС ги носи под значително влијание на Заев. Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви. Изборот на Александар Трајановски за потпретседател на партијата е токму тоа, Трајановски е човек од шинелот на Заев.

Александар Трајановски е истиот тој кој летото заедно со Заев и Филипче се луксузираа на скапи јахти во Грција додека Заев ги бираше кандидатите за градоначалници. Трајановски и покрај тоа што ги изгуби изборите во Аеродром е поставен за потпретседател бидејќи е избор на Заев за да може слободно да течат бизнисите и да продолжи контролата на СДС во сенка.

Овој потег на Филипче само ја зацврстува перцепцијата дека кадровските одлуки во СДС сè уште се диктираат од Заев. Заев сè уште ја контролира внатрешната структура на партијата.

На Македонија и е неопходна конструктивна опозиција. Неопходно е дистанцирање на старите структури на моќ, превземање одговорност и реформи.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top