Попладнево на граничниот премин „Златарево“ на излез од Бугарија кон Македонија избувна пожар за време на активности за уривање на старата зграда како дел од реконструкцијата на преминот спроти македонскиот „Ново Село“ кај Струмица.
Инцидентот бил пријавен околу 14:20 часот, соопштија бугарските пограничните власти.
Пламените јазици зафатија површина од околу 200-300 квадратни метри. Пожарникарите веднаш беа испратени на местото на настанот. Во гаснењето учествуваа две противпожарни екипи со вкупно шест вработени.
Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, пожарот беше ставен под контрола за кратко време, а сега е целосно изгаснат. Нема повредени лица, а материјалната штета е незначителна. Не се констатирани сериозни штети на објектите на новите рути на граничниот премин.
За време на инцидентот, немаше опасност за граничните полицајци и граѓаните што минуваа низ преминот. Пожарот не доведе до долг прекин на работата на граничниот премин.
Во моментов, сообраќајот преку преминот „Златарево“ е целосно обновен за сите видови возила во двата правци и сообраќајот меѓу Бугарија и Македонија се одвива нормално.