Македонија

Јавно извинување и исправка за Јана Куновска

Поради направена грешка во која е објавена фотографија на друга жена со исто име и презиме

 

Редакцијата се извинува на г-ѓа Јана Куновска и читателите поради грешка направена при објавување на колумната насловена “Говор на омраза” објавена на 19.06.2026 година.

Поради ненамерна замена на идентитет, покрај името на вистинскиот автор на колумнатабеше објавена фотографија од друго лице со исто име и презиме.

Лицето што беше прикажано на фотографијата нема никаква врска со авторот на колумната, ниту со нејзината содржина, ставови или пораки.

Со оваа објава јасно потврдуваме дека г-ѓа. Јана Куновска, чија фотографија погрешно беше објавена, не е автор на колумната и не сноси никаква одговорност за нејзината содржина.

Искрено се извинуваме за направениот пропуст и за непријатностите што беа предизвикани.

Редакцијата жали за грешката и превзеде мерки за да не се повтори ваков пропуст во иднина.

На фотографијата е авторката на контроверзната колумна

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top