Македонија

Ја повлекоа и Тренчевска: Тандемот Заев-Филипче ја турка СДС во политички стечај

Уште еден лик од кругот лојален на Заев е и Јована Тренчевска која овојпат ја доби улогата на потпретседател на СДС

Зоран Заев како претседател во сенка го скрои „новото“ раководство по негов терк а чуварот на фотелјата на Бихачка Венко Филипче го презентираше во јавноста.

Уште еден лик од кругот лојален на Заев е и Јована Тренчевска која овојпат ја доби улогата на потпретседател на СДС. Тренчевска е доказ дека во СДС нема промени, нема реформи и нема нови кадри.  Напротив со изборот на „новите“ кадри во СДС само се потврди недостатокот на кадри во партијата и внатрепартиската криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За политичката кариера на Јована Тренчевска и нејзиниот подем заслужен е токму Зоран Заев. Таа станува државен секретар во Министерството за труд и социјална политика токму во времето кога Зоран Заев е премиер. А потоа станува и директор во владата на Заев на Инспекторатот за труд, како и министер за труд и социјална политика.

Тренчевска е производ на Заев а граѓаните ја паметат по понижувачките зголемувања на пензиите од 180 денари годишно.

Тренчевска е запаметена и по скандалозното враќање на работа на трговец со дрога на позиција директор на социјалното во Радовиш, Александар Филев.

Пензионерите ја паметат Тренчевска и по циничните пораки кои им ги упатуваше дека „добро им било“ да живеат со 25 000 денари месечни примања кога инфлацијата беше двоцифрена.

Синдикалците пак ја паметат Тренчевска по политичко мешање и местење претседатели на синдикатите по насока на нејзиниот лидер. Тренчевска е запаметена и по кочењето на 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во Бутел и во Куманово.

Дополнително лицемерие на Тренчевска е што минатата година по изборниот пораз на парламентарните избори си даде оставка од претседател на форумот на жени, каде што рече дека местото го остава на нови, поквалитетни и лица неизвалкани од минатото.

Тренчевска само 1 година подоцна без срам и без принципи ја прифати функцијата потпретседател на СДС само да му удоволи на Заев.

Со ваквиот избор на кадри СДС продолжува да тоне. Народот одамна им свре грб и повеќе не им верува. СДС со старо новото раководство на тандемот Заев-Филипче оди во политички стечај, се вели в соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Бензините поефтинуваат од ноќеска на полноќ, а дизелот ќе има иста цена – Македонија е со најефтини горива во регионот!

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top