Македонија

Јаневска: Не e до квантитетот, туку до квалитетот на научните институции

„Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет. Спроведовме сериозни контроли на високообразовните и научните установи, а резултатот е: затворени 14 приватни научни институти и 1 приватен факултет

Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување, усогласување со европските стандарди и приближување кон реалните потреби на пазарот на труд и општеството во целина, рече министерката за образование, Весна Јаневска, во обраќањето на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што го организираше Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe.

Јаневска посочи дека оваа Влада е свесна за итноста од реформирање на највисокиот степен на образование и затоа презема конкретни мерки и активности насочени кон системски промени.

„Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет. Спроведовме сериозни контроли на високообразовните и научните установи, а резултатот е: затворени 14 приватни научни институти и 1 приватен факултет, поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по дадени забелешки на просветна инспекција и МОН. Ова не е кампања, туку ќе биде континуирана активност“, прецизира министерката Јаневска, додавајќи дека ќе следи реформа на Агенцијата за квалитет на високото образование, како и формирање на првиот државен научно-технолошки парк во Македонија.

„Работиме, но Владата и Министерството не можат сами да изградат образовен систем што ќе биде квалитетен, препознатлив и посакуван. Неопходна е решителност и иновативност што ќе ја покажат универзитетите, а ние ќе им бидеме силен поддржувач и партнер“, рече Јаневска, упатувајќи повик до сите универзитети да ги забрзаат реформите, почнувајќи од модернизирање на студиските програми, поврзување со други универзитети, развивање заеднички програми и двојни дипломи, со цел студентите да добијат глобални перспективи.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top