Македонија

Јанков: Во Струмичко дождот продолжува да врне! Ќе ја следиме и ноќва будно ситуацијата на терен со механизација!

„Поради нови врнежи, екипите ќе дежураат и во текот на ноќта.“ – објави градоначалникот на Струмица Петар Јанков преку фејсбук, по денешните поплави во Струмичко, кои предизвикаа угинувања на многу животни и големи штети во агрокомплексот.

Јанков истакнува во објавата на општествената мрежа: Дејството на циклонот кој го зафати нашиот југоисточен регион придонесе за големи врнежи од дожд, надоаѓање на водата, излевање од коритата и поплави!

Денеска го посетив критичното место во Муртино. Посетив и други посочени места каде ситуацијата е најкритична. Уште од утрово механизацијата на ЈП Комуналец е на терен. Ангажирана е дополнителна механизација од приватниот сектор. Околу 17 часот состојбата се стабилизираше.

Нашата механизација и екипите остануваат на теренот и во текот на ноќта, на сите места каде што се проценува дека е критично. Во контакт сме постојано со граѓаните на терен.


Дождот паѓа и во наредните часови и денови, а ние будно ќе ја следиме состојбата. – порача градоначалникот на Струмица Петар Јанков преку фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Обвинет е за три кривични дела – Телесна повреда,  односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

To top