Македонија

ДУИ загрижена: Албанија останува исклучена од „Коридорот 8“

Делот Требениште – Ќафасан, кој ја поврзува Македонија со Албанија, веќе е официјално откажан

Интегративците информираат дека Коридорот 8, сегментот Требениште – Ќафасан, кој ја поврзува Македонија со Албанија, веќе е официјално откажан.

Од ДУИ посочуваат дека ова прашање го поставувале еден месец, додека власта го опишала како клевета, но, како што велат од ДУИ, вистината излезе на виделина.

Интегратувците се закануваат: „Едно ви ветуваме, ќе одговарате“, велат од ДУИ.

Струга дефинитивно нема да биде поврзана со автопатот Охрид-Кичево, бидејќи станува сè поизвесно дека сегментот од Требениште до Ќафасан, кој требаше да биде поврзан со автопатот долг 57 километри, нема да се гради, потврди вчера и премиерот Христијан Мицкоски.

„Овој сегмент најверојатно нема да остане во планот, бидејќи ова не зависи од нас, туку зависи од УНЕСКО. Сепак, се бара начин целата оваа работа да се заврши, бидејќи влегува во периметарот на УНЕСКО и тука ќе најдеме начин повторно да имаме безбедна комуникација меѓу овие два дела и мислам дека ќе го постигнеме ова. Во овој момент, најверојатно, конечната одлука сè уште не е донесена, сè уште се преговара и дискутира, но многу е веројатно дека ќе имаме промени тука“, изјави Христијан Мицкоски.

Премиерот очекува автопатот Кичево-Охрид да биде завршен во рамките на ветениот рок, кој сега е средината на мај 2027 година.

„Продолжуваме со финансирањето за довршување на автопатот Кичево-Охрид со средства што Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги позајми од локалните банки. Од некои причини, финансирањето од Ексим банка од Кина веќе е прекинато. Бевме известени дека ќе го прекинат“, изјави премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top