Македонија

Петровски: Додека не се растури ,,Кланот Дубаи”, ќе бидеме изметот на Европа

До каде не дотераа Дубајските инвеститори?

Екс директорот на Мобимак Јован Петровски смета дека Македонија ќе биде ,,Европска фекалија” се додека не се расчисти со сите елементи на групата позната како ,,Кланот Дубаи”.

Според Петровски механизмите на ,,Кланот Дубаи” се уште контролираат голем дел од институциите, полицијата и правосудството.

Според него по скандалот со фатени 40 тони марихуана која во Македонија почна да се произведува во времето кога Заев беше премиер а Филипче дел од Владата земјата е уште подалеку од ЕУ.

,,27 (40) Тони, сушена марихуана! И оние 5 тона во Србија!
Сушена!!!
Оставањето на Обвинителство, и нивните луѓе во полицијата, од претходно…32 (+13) тона сушена ганџа!
Никаде во светот!!!!!!
Значи најмалку уште 100 тони некаде се спастрени!!!
После ова, од Луксембург, Белгија, Холандија и Ескимите, во Устав да ги ставиме, ЕУ ќе ја сонуваме!!!
Додека Дубаи кланот не се растури, до полиција, обвинителство, судови, царина…ќе бидеме ова што сме…ИЗМЕТОТ НА ЕВРОПА!!!
До таму не дотераа Дубајските инвеститори!!!”, смета Петровски.

Дубаи е местото каде што покрај делови од македонското подземје сега е активно семејството на екс премиерот Заев а таму често патува и лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Најнови вести од: Македонија

Ново исклучително откритие на македонската архајска некропола кај Корошишта, Струшко: богат војнички погреб со целосна опрема и предмети од злато

На археолошкиот локалитет Расница, с. Корошишта – Струшко, денес беа презентирани најновите ексклузивни наоди од истражувањата на архајската некропола – богато војничко погребување со комплетна воена опрема, кое според првичните согледувања е постаро од исклучителното откритие направено на истиот локалитет во 2024 година, информираат од Националениот археолошки музеј – Скопје.

Предлог на Стопанската комора: Најмногу 13 неработни денови и неработниот ден од недела да не се префрла во понеделник

Стопанската комора на Македонија набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

Мицкоски: Владата ги завршува проектите, сопрени со децении – Соодветно ќе одговориме, ако побара опозицијата предвремени избори

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори, за време на посетата на општина Теарце, каде што присуствуваше на пуштање во употреба детска градинка.

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Најнови вести

To top