Македонија

Јовева: Не е Македонија на испит – Европа е!

Македонците не треба да ја плаќаат цената за политичките фрустрации на другите, изјави вчера европратеничка од Словенија, Ирена Јовева, во Европарламентот за време на расправата за Извештајот за Македонија за напредокот за членство во Европската Унија.

 

Овој извештај мора да биде извештај за реформите и европската иднина на македонската држава, рече Јовева која не го поддржа вклучувањето на прашањата за идентитетот, јазикот и историските толкувања во Извештајот за Македонија.

Таа нагласни дека Извештајот треба да „остане фокусиран на реформите, владеењето на правото и европскиот напредок на земјата“.

„Оваа земја не е одговорна за опсесијата на некои со нејзиниот јазик или идентитет. Македонците не треба да ја плаќаат цената за политичките фрустрации на другите. Искрено се прашувам: ако овие ‘други’ секој пат продолжуваат да зборуваат повеќе за Македонците отколку за содржината на европскиот напредок на земјава – кој навистина има проблем тука? Очигледно не Македонците. Туку оние што не можат ниту да напишат амандман без Македонци, а потоа ја вложуваат целата своја енергија во некакви објаснувања за тоа кој е кој“, рече Јовева пред европратениците.

За неа ваквото однесување претставува необично хоби.

„Интерпретација на минатото! Што сме ние, историска академија или Европски парламент? Европската Унија е создадена за да можат народите заедно да ја градат иднината, а не за да издава сертификати за постоење на народи. И секако не е создадена на старите национализми да им дава нова, да не кажам модерна европска сцена.

Македонците немаат што да докажуваат. Меѓутоа, по сите овие години, некои други очигледно сè уште имаат. Денес, Македонците не се на испит. Европа е. Благодарам“, рече Јовева, пренесе МКД.Мк..

Таа смета дека задачата на Европскиот парламент во овие извештаи е исклучиво да ги процени реформите и напредокот на земјите-кандидатки за влез во ЕУ и затоа таа ги отфрли поедноставените толкувања на денешното гласање.

„Нема да се согласам ни со наративот дека Бугарија победи денес, ни со наративот дека Европскиот парламент ја издал македонската држава. Би било грешка денешното гласање ако стане уште една алатка за создавање политички митови, победници и губитници. Ова не е натпревар меѓу земјите, а најмалку референдум за постоењето на Македонците.

Не е. И оние што денес зборуваат за големи победи или големи порази всушност помагаат да се одржи спорот од кој политички живеат. Вистинското прашање не е кој победи денес. Вистинското прашање е дали ќе имаме храброст да го браниме принципот дека земјите-кандидатки се оценуваат според реформите, објективно, и дали Европа ќе остане верна на сопствените вредности. Јас им останувам верна.

Затоа, уште еднаш: Македонците денес не беа на тест. Европа е“, го заврши своето излагање Јовева.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top