Македонија Бизнис

Каде исчезнаа хартиените решенија за данок на имот?! Иако се ветуваше, ги нема ни по 3 месеци

Убаво е кога се најавува, но кога ќе дојде време да се реализира, некако како да не не бива. Голем број фирми сè уште не добиле решенија за плаќање на комунална такса – фирмарина. Иако Град Скопје уште на средината на март објави дека решенијата за данок на имот за 2025 година се изготвени и дека наскоро […]

Убаво е кога се најавува, но кога ќе дојде време да се реализира, некако како да не не бива. Голем број фирми сè уште не добиле решенија за плаќање на комунална такса – фирмарина. Иако Град Скопје уште на средината на март објави дека решенијата за данок на имот за 2025 година се изготвени и дека наскоро ќе бидат доставени на домашните адреси на граѓаните, многумина и по речиси три месеци сè уште не ги добиле овие документи. Дополнително, голем број фирми сè уште не добиле решенија за плаќање на комунална такса – фирмарина, што предизвикува збунетост кај граѓаните и кај деловните субјекти.

– Секоја година навреме добивавме решение за данокот на имот, а оваа година уште го чекам. Не знам ни колку изнесува, ниту кога треба да го платам. Немам пристап до интернет, не сум регистрирана на тие портали, и искрено, не знам ни како се користат. Ова е непријатна ситуација – вели Вера С. (68) од скопската населба Пролет.

И таа не е единствена. Многу граѓани, особено постари лица, пензионери или луѓе кои не се технички обучени, велат дека без хартиени решенија не можат да ја исполнат својата законска обврска.

Од Град Скопје преку нивната официјална веб-страница информираа дека решенијата за данокот се достапни онлајн и дека граѓаните можат да ги преземат и да ги платат преку платформата со регистрација и внесување матичен број. Според законот, рокот за издавање на решенијата е најдоцна до 31 март, што значи дека документите се веќе подготвени, но сè уште не се испратени до граѓаните во хартиена форма.

„Данокот за имот за 2025 година може да се подмири најдоцна до 15 ноември. За таа цел, ве охрабруваме да го користите порталот на Град Скопје за навремено извршување на обврските“, информираа пред три месеци градските власти.

Сепак, голем дел од скопјани не се чувствуваат вклучени во ваквиот начин на комуникација.

– Не е сè во тоа дали можеш да платиш онлајн, туку дали некој ќе те информира на време. Не добивме никакво известување. А казните, кога ќе дојдат, се реагира веднаш – додава Гоце Д. од Аеродром.

Во меѓувреме, Општина Карпош пред неколку дена ги повика жителите кои сè уште не добиле решенија да се обратат до урбаната заедница на која припаѓаат или директно до Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци, на адреса ул. Радика бр. 9. Од таму потсетуваат дека секој граѓанин може лично да побара копија од решението за својот данок, со што ќе го избегне евентуалното доцнење и ќе ги исполни обврските навреме.

По реакциите на граѓани од повеќе скопски општини во врска со пресметките за данокот на имот, и од Општина Центар информираат дека на располагање им стои даночната канцеларија, каде граѓаните можат да добијат информации и помош во врска со своите решенија.

– Како и сите други општини што гравитираат на територијата на Град Скопје, и Општина Центар – Скопје има формирано даночна канцеларија, во која за сите прашања од областа на данокот на имот, граѓаните можат да добијат соодветен одговор – велат од Општина Центар за Плусинфо. Од Центар додаваат дека работата на оваа канцеларија се одвива во соработка со Град Скопје, кој како надлежен орган ги носи решенијата за данокот.

Од Општина Аеродром за Плусинфо објаснуваат дека надлежна институција за изготвување и испраќање на решенијата е Град Скопје, но сепак на располагање стојат и локалните општински служби кои можат да помогнат.

– Жителите на Општина Аеродром може да се обратат и до нашите локални служби, кои ќе им помогнат со насоки како да ги регулираат своите обврски во врска со данокот на имот – информираа од Општината.

Според нив, граѓаните кои сè уште не го добиле решението можат секој работен ден да се обратат директно во собата број 6, на првиот кат од општинската зграда, во Одделението за даноци, такси и други сопствени приходи.

– Таму може да добијат дупликат од решението, како и сите потребни информации за начинот на уплата. На самото место има ПОС терминал, така што обврската може веднаш да се плати со картичка, со увид во лична карта – велат од Општина Аеродром за Плусинфо.

Дополнително, граѓаните може да пристапат и до веб-страницата на Општина Аеродром, во делот „Проекти и документи“ под менито „Буџет“, каде е поставен директен линк до платформата на Град Скопје, преку која може електронски да се изврши уплата на данокот на имот.

Од Општина Аеродром додаваат дека ќе продолжат да бидат достапни за сите свои сограѓани во интерес на навремено и ефикасно регулирање на нивните обврски.

Граѓаните очекуваат поголема транспарентност од градските власти и поефикасна комуникација, особено кога се работи за масовни обврски како што е данокот на имот. Плусинфо за ова испрати прашања до Град Скопје и до Секторот за даноци и комунални такси. Прашав зошто доцнат решенијата за кои беше информирано од нивна страна дека се завршени и дека наскоро ќе пристигнат на домашна адреса на корисниците. Но до објавувањето на овој текст не добивме никаков одговор.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

Важно: Аеродромот во Скопје е отворен, но поради ниска видливост – откажани и пренасочени летови

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија.

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

Екс-директорот на Лотарија Бајрами заедно со Груби украле милиони евра државни пари

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна. Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Најнови вести

To top