Македонија Бизнис

Кафето во Охрид скокна на 200 денари, па и повеќе – туристите бесни

Како никогаш до сега, цените во Охрид уриваат рекорди. И на пазарите и во чаршијата. Кафето покрај езеро чини од 3 евра па нагоре, односно од 200 денари, па до 250 за нес кафе покрај езеро, зависи од локалот, но и од погледот. Потоа, топче сладолед од 80 до 120 ден, просечната цена на пицата […]

Како никогаш до сега, цените во Охрид уриваат рекорди. И на пазарите и во чаршијата. Кафето покрај езеро чини од 3 евра па нагоре, односно од 200 денари, па до 250 за нес кафе покрај езеро, зависи од локалот, но и од погледот. Потоа, топче сладолед од 80 до 120 ден, просечната цена на пицата е околу 8 евра а охридската цреша се продава по 300 ден за килограм. И коктелите имаат жешка цена, најефтиниот е 400 ден.

Овие цени се прифатливи само за туристите велат охриѓани. Цените во Охрид можат да ги одвратат гостите смета и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Поради високите цени на хотелските алл инкулузив понуди досега соработка со Охрид откажаа два тур оператори од Холандија и Полска. Дел од гостите од земјава и оваа сезона на социјалните мрежи постојано реагираат објавувајки ги високите сметки, кои ги добиле во некои од угостителските објекти во Охрид, каде цените и на храната и на пијалоците се како во некои егзотични или монденски дестинации.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top