Македонија

Како е можно во ФЗОМ да има повеќе осигуреници од резиденти во Македонија?!

Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување е 1.820.000 осигуреници, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис. Фондот за здравствено осигурување веќе има иницирано формирање на интерсекторска работна група со цел да се утврди точниот број на здравствени осигуреници.

Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување е 1.820.000 осигуреници, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис. Фондот за здравствено осигурување веќе има иницирано формирање на интерсекторска работна група со цел да се утврди точниот број на здравствени осигуреници. Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски државјани кои живеат во странство, а кои не се одјавиле од земјава и продолжуваат да користат здравствено осигурување, но не ја исклучува можноста дека има и лажни осигуреници.

  • „Над половина од здравствените осигуреници се по други основи, а не по основ на плата и на осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Владата, да се преиспитаат критериумите. Тоа е интерсекторска работа која ќе потрае, бидејќи имаме помалку жители од тоа што во моментот имаме здравствени осигуреници“, истакна Клековски.

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за здравствена заштита, со цел да се подобри системот на контрола кај издавањето на боледувањата и боледувања да се даваат на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно.

  • „Во основа имаме околу 17 илјади боледувања заради болест и околу 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања на контроли произлегува од тоа што во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники, каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања, така што размислуваме како да предложеме измени за да се подобри системот на контрола на боледувањата“, вели Клековски.

Вели дека често се случува при зголемен обем на работа, персоналот за да ги избегне обврските на работа, да земе боледување.

  • „Кога тие ќе земат боледување, се поттикнуваат и другите вработени да бараат начин да го избегнат зголемениот обем на работа. Кај матичните лекари има јасно пропишани стандарди како може да се даваат боледувања, но ако ги погледнете дијагнозите дека покрај акутните респираторни заболувања, скоро 50 проценти од боледувањата во Фондот се за болести на рбетниот столб, а кој било вработен над 50 години ако му го снимите рбетот ќе излезе дека има спондилоза или лумбаго, тогаш станува субјективно дали треба да се оди или не на работа“, изјави Клековски.

Дополнителна мотивација за земањето боледувања, според Клековски, се и колективните договори, во кои е предвидено 90 до 100 процентна исплата на плата во време на боледување, што во однос на приходите значи дека на вработените им е сеедено дали се на работа или не. Друг момент се и ниските плати во некои институции во јавниот сектор, поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и втора работа.

Директорите на Фондот за здравствено осигурување денеска направија осврт на сработеното во изминатата една година откако се назначени, а како најзначајни резултати ги посочија проширувањето на Позитивната листа со лекови што било направено по 10-годишна пауза, зголемените плати во здравството, подобрените здраствени услуги, подобро финансирање на примарната здравствена заштита и поголема ефикасност и дигитална трансформација на фондот.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

To top