Македонија

Како Македонија да се промовира како лидер во рударството во регионот?!

Експертската јавност препорачува Македонија да ги користи природните минерални богатства на ефикасен начин и во хармонија со еколошките, културните и природните вредности со што ќе се овозможи и создавање работни места. Ваквата констатација е наведена и во новата Стратегија за минерални суровини 2026-2046, на која работеше Македонската академија за науки и уметности, а вклучени беа […]

Coal mining in surface mine. Miner looking on the huge excavator.

Експертската јавност препорачува Македонија да ги користи природните минерални богатства на ефикасен начин и во хармонија со еколошките, културните и природните вредности со што ќе се овозможи и создавање работни места. Ваквата констатација е наведена и во новата Стратегија за минерални суровини 2026-2046, на која работеше Македонската академија за науки и уметности, а вклучени беа и факултети, Геолошкиот завод, Здружението на рударски инженери, геолошки друштва, како и голем број на невладини организации од областа на животната средина.

  • „Македонија не само што има ресурси во форма на руда и минерали, туку има и рамка во форма на цврста и недвосмислена еколошка законска регулатива, силна клима за иновации, но таа треба и да има и отвореност во однос на нашите геолошки ресурси, истражувањата да бидат на високо ниво и да има добро образована работна сила. Проширувањето на рударската и минералната индустрија вклучува огромни инвестиции во делови од земјата каде што таквите инвестиции беа долго време видливо отсутни. Ова е добредојден развој, но исто така со себе носи суштински барања“, се наведува во текстот.

Во Стратегијата на МАНУ се додава дека придонесот на рударството е изразен преку бројот на работни места кои ги креира, бидејќи обезбедува многу различни можности за работа, од оператори и техничари до геодети и професионалци за животна средина, што влијае на пораст на националниот доход (преку платите кои им ги исплаќа на своите вработени) и воедно на намалување на стапката на сиромаштија.

  • „Многу средини, како: Македонска Каменица, Крива Паланка, Пробиштип, Злетово, Радовиш, Новаци и други, доколку не постојат рудниците, постои голема веројатност дека одамна би биле напуштени и згаснати поради миграцијата на населението“, се истакнува во документот.

Според Стратегијата, производството на минерални суровини треба да се зголеми без да се загрози исполнувањето на целите за квалитет на животната средина на Македонија,

  • „Македонија треба да се промовира како лидер во овој дел на Европа во полето на рударството и истражувањето на минералите, а македонските претпријатија треба да работат во многу ефикасни кластери во партнерство со универзитети и истражувачки институти“, пишува во Стратегијата за минерални суровини.

Претходно, голем број претставници на фелата во јавноста порачуваа дека во рударството треба да се инвестира. Претседателот на Здружението на рударски и геолошки инженери, Горан Сарафимов на последното стручно советување, нагласи дека оваа гранка не е само индустриска активност, туку и значаен двигател на економијата во Македонија.

  • Да го направиме рударството да биде мост, мост којшто од индустријата од минатото ќе се стреми кон иновации, зелена транзиција и економска отпорност. Сигурен сум дека ќе ги искористиме нашите економски и геолошки рудни резерви коишто ги имаме во Македонија и ќе овозможиме додадена вредност. Односно, да имаме развој на циркуларни решенија за повторно користење на метали, наместо само извлекување и извоз на суровини. Тоа значи директно отворање на повеќе работни места, да имаме поголем број на приходи и технолошки напредок за цели региони – порача Сарафимов.

Од друга страна, деканот на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот во Штип, Ѓорѓи Димов го потенцираше значењето на металите и минералите за современиот свет.

  • Живееме во ера на вештачка интелигенција, брз технолошки развој, дигитализација, обновливи извори на енергија, електрични возила, напредна електроника. Сите овие достигнувања имаат една заедничка основа, а тоа се минералните суровини. Модерното рударство претставува темел без кој нема напредни технологии, нема енергетска транзиција, нема одржлив развој. Но, ова рударство мора да биде интелигентно, еколошки одговорно и насочено кон иднината. Металите и минералите се срж на енергетската транзиција, дигиталната економија и инфраструктурниот развој. Во иднина на рударството нема да се гледа како на тешка индустрија, туку како на стратешки партнер за одржлива и технолошки напредна цивилизација – истакна универзитетскиот професор Димов.

Претходно и претседателката на Друштвото на геолози, Соња Лепиткова, во гостување на Телма ТВ, истакна дека отворањето на рудници е политика и на Европската Унија и тие можат да и овозможат економска стабилност на Македонија.

  • Во Македонија 40 години немаме отворено рудник. Факт е дека треба да инвестираме во нови технологии, во нови истражувања за да можеме и да побараме нови технологии коишто ќе вршат екстракција на одредени руди… Како би се работело во металната индустрија ако нема елементи како железото, никелот, хромот, титанот и другите елементи коишто се потребни. Како ќе работиме ние воопшто во развојот на било што ако немаме минерали. Чипови нема да имаме и нема да постои ништо во светот ако нема минерали, нема да има фотоволтаици. Сите тежнееме кон зелена енергија, а за таа зелена енергија, за батериите во кои се складира, е потребен литиум. Тој литиум од некаде треба да се експлоатира и вади. Ако е потребно да имаме бакар за пренос на енергија, па тој бакар од некаде треба да се извади – оцени Лепиткова.

Според Стратегијата, клучен правец на делување треба да биде постојаното усогласување на правната и институционалната рамка со прописите на Европската Унија, вклучително и обврските што произлегуваат од европската регулатива за критични минерални суровини. Како што се додава, политиките во оваа област имаат за цел да обезбедат интеграција на еколошките барања во сите фази од животниот циклус на рударските активности, како и навремено идентификување и управување со потенцијалните ризици врз животната средина.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален комплекс ТРИАНГЛА, современо место за уживање

Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! – Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

Летови со владин авион, хотелски трошоци и спорни набавки – ексдиректорот на СОЗР заработи кривична

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име

Осуденици ќе чистат од денес седум дена магистрални и регионални патишта – под постојан надѕор на затворската полиција!

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

To top