Македонија

Како синот на газдата на Пулс стигнал до Бочварски и Лукаровска кои ги нема во комуникацијата објавена од ИРЛ

До кого газдите на Пулс стигнале а до кого не стигнале во обидот да се спасат од инспекторите

Во анализата на комуникација поврзана со трагедијата во Кочани Плусинфо анализира зошто „свиркачите“ ги скриле разговорите во кои се спомнуваат Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Маринела Тушева.

Како и целиот перформанс на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и на неговата екипа во врска со трагедијата во Кочани, така и протекувањето делови од телефонската комуникација на некои локални актери, покажува само едно – паничен обид на лошото менаџирање на истрагата да му се даде политичка боја и да се оправдаат слабостите во обвинението, кои ќе бидат мета на силна критика и на бранителите на обвинетите и на најблиските на жртвите. Оваа анализа на скриените делови од телефонската комуникација јасно ја покажува манипулацијата, пишува порталот.

Михаил: „До Бочварски и до Лукаревска стигнав“; Дацо: „Лукаревска може, обиди се преку Трајче од СДСМ“

Втор интересен пример е комуникација од 28 јуни 2023 година, помеѓу Михаил и спомнатиот Драган Паунов – Дацо, инспектор во УЈП во Кочани. Михајло го известува Дацо дека сакале да го пломбираат, бидејќи некој Никола, што бил директор на УЈП, никако не сакал да попушти.

Дацо му објаснува на Михаил дека Никола е началник, шура на министерот Бојан Маричиќ, а сестра му била пратеничката Маринела Тушева. Михајло одговара дека тој стигнал до Бочварски (Благој) и до Лукаревска (Сања), но до нив (Маричиќ и Тушева) не стигнал. Дацо одговара: Лукаревска може.

Михаил му праќа порака на Дацо во која бара некако да се заврши работата. Дацо му возвраќа – штом тој (началникот Никола) знаел, веќе он морал да даде амин, началник е. Михаил во порака до Дацо вели дека му кажале дека до утре ќе виделе, а Дацо го советува да се обиде преку Трајче од СДСМ, претседател на младите, со кого биле блиски (се мисли на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ, штипски кадар). Михаил вели дека ќе се распраша кој е, ако не ќе оделе на колективен одмор 15 дена. Во следната порака Михаил му вели на Дацо дека убаво си работеле со нив кога доаѓале, а почнале да ги праќаат нивните колеги по Кочани.

Кој е министерот од СДСМ од кого инспекцијата требало да се ,,посере” од страв на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Доцнат вакцините против сезонски грип

Вакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на месецов, а од Министерството за здравство уверуваат дека се преземаат сите потребни активности за вакцинацијата на ранливите категории да започне што е можно поскоро

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

To top