Македонија

Како Заев тврдеше дека „и те како добиваме почеток на преговори“ благодарејќи и на Могерини (ВИДЕО)

Кратка сказна за тоа дека на лагата ѝ се кратки нозете со експремиерот на „нашата земја“ и бившата прва дипломатка на ЕУ

На денот на апсењето на Федерика Могерини поради корупција, твитерџика потсети на едно од антологиските убедувања од екпсремиерот Зоран Заев дека Македонија „и те како“ добива преговори за Европската унија благодарејќи и на поранешната шефица на европската дипломатија.

„Меркел, Макрон и Могерини се големи пријатели на нашата земја. И те како добиваме почеток на преговори! И те како отвараме поглавја! Стојат позади нас! Оти заслуживме! Оти одржавме европска лекција! Оти покажавме европски манири! Оти не калкулиравме политички“, врескаше Заев пред сопартијците од СДСМ, чиј лидер беше тогаш, на една од партиските трибини „Заедно напред“ од 2019 година.

Оттогаш поминаа шест години, а Македонија отвори нула поглавја со ЕУ, и покрај тоа што „големата пријателка“ Могерини стоеше зад неа, според Заев. Италијанката, пак, која сведочеше на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици и му ракоплескаше на насмеаниот муртинец кога му ја подари вратоврската на колегата Алексис Ципрас, во меѓувреме заврши неславно…

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

Самсунг (Samsung) на “Tech Forums” сесиите на “CES 2026“ собра лидери за интероперабилност на паметни домови на дискусија што ја дефинира индустријата

Разочарувачки е партија предводена од универзитетски професор да користи непримерен дискурс, рече Муцунски за јавните настапи на СДСМ

Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини – истакна министерот Муцунски при посетата на организацијата „Македонија 2025“.

To top