Македонија

Камерите открија застрашувачка ситуација во Скопје – Опасни инциденти на секои 15 секунди

Сега е јасно зошто толку многу луѓе со години гинат на македонските улици

Камерите на МВР открија застрашувачка ситуација во Скопје каде опасни инциденти сњ случувале на секои 15 секунди а вкупно сњ регистрирани дури 65.000 прекршоци за првите 12 часа работа на системот „Сејф сити“.

 

Преку системот „Безбеден град“,оза пола ден се регистрирани дури 2.800 поминувања на црвено.

Министрот Тошковски најавува строга дигитална контрола и нулта толеранција за несовесно возење.

Министерот Панче Тошковски соопшти дека во само половина ден камерите регистрирале вкупно 65.000 сообраќајни прекршоци, бројка што ја надминува и најпесимистичната прогноза и го отсликува катастрофалниот степен на некултура во сообраќајот.

 

Поминување на црвено на секои 15 секунди

Според деталната анализа, системот во првите 12 часа забележал 2.800 поминувања на црвено светло, што значи дека на секои 15 секунди по еден возач го прекршувал правилото.

Покрај тоа, откриени се и 1.000 нерегистрирани возила кои учествувале во сообраќајот. Министерот Тошковски истакна дека ваквите бројки ја потврдуваат неопходноста од автоматски санкции со цел да се подигне безбедноста и да се намалат ризиците на улиците.

 

 

Според најавата со имплементацијата на системот започнува нова етапа во дигитализирањето на процесот на казнување.

Прекршителите ќе добиваат електронски известувања, поткрепени со снимки и техничка документација, со што се отстранува можноста за селективност.

Тошковски нагласи дека примарната цел не е казнување, туку воспоставување ред и нулта толеранција кон несовесното возење. Ќе важи без разлика дали се работи за урбани зони или патишта надвор од населени места.

Системот сè уште е во пробна фаза, а граѓаните добиваат информативни известувања пред почетокот на реалната наплата.

Ако трендот продолжи по Нова Година во државниот буџет ќе се слеваат милиони од возачите прекршители на законот.

Најнови вести од: Македонија

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top