Македонија

Кандидатката на СДСМ од мала патувала во Скопје каде дедо и бил функционер

Нејзиниот дедо имал функција секретар за труд и Скопје не и било непознато

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на главниот град на Македонија раскажува дека имала генетска поврзаност со Скопје.

Во Подкаст на Сител екс министерката за екологија во владата на СДСМ и ДУИ Каја Шукова тврди дека има генетска поврзаност со Скопје односно дека со главниот град била поврзана преку фамилијата од која и влегле гените за Скопје.

Шукова која потекнува од Гевгелија раскажува дека кога ќе и го споменат Скопје таа одговара дека уште како малечка патувала во Скопје каде дедо и бил функционер.

Нејзиниот дедо имал функција секретар за труд и Скопје не и било непознато, вели кандидатката за градоначалник на Скопје на СДСМ Каја Шукова.

Овој дел од видеото на овој ЛИНК

Целиот подкаст со Шукова

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top