Македонија

Касами од Вреди се сретна со лидерот на албанските демократи Бериша во Тирана, заради „подобрување на меѓуалбанската соработка во регионот“

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на партијата Вреди Билал Касами, одржа средба во Тирана со поранешниот премиер на Албанија и лидер на Демократската партија Сали Бериша.

Според соопштението објавено од Касами, „во средиштето на разговорот на оваа средба беше потребата за зголемување и подобрување на меѓуалбанската соработка во регионот“. „Разговаравме за потребата од подобрување на меѓуалбанската соработка, актуелните политички прашања, но и за нашата заедничка иднина во Европската Унија“, објави Касами.

За време на разговорот тетовскиот градоначалник ја искористи можноста да му честита на лидерот на ДП за неговото враќање и реизбор на чело на партијата, посакувајќи му „успех во идните политички битки и предизвици во Албанија“.

Лидерот на Вреди нагласи дека оваа средба означува „продолжување на блиската комуникација, насочена кон подобра политичка координација на албанскиот чинител низ целиот регион“.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top