Македонија

Казнети 23 гинеколози од ФЗО и УЈП, повеќето наплаќале бесплатни услуги од пациенти

23 ординации работеле неуредно и на нив им биле изречени санкции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски објави дека се исконтролирани 49 приватни гинеколошки здравствени установи, односно матични гинеколози во заедничка контрола со УЈП поради зачестени преставки од пациенти.

Од 2012 досега не била направена ваква контрола,при што 23 ординации работеле неуредно и на нив им биле изречени санкции.

– Од утврдените 12 неправилности кај Фондот, главаната неправилност е наплата на бесплатни услуги од здравствените осигуреници и тоа било затекнато кај осум од нив, додека неводењето евиденција била кај 5 здравствени установи, рече Клековски.

Директорот на ФЗО додаде дека главната цел била контролата на придружување на обврските кон договорот до Фондот за услуги кои по правило не се наплатуваат од граѓаните како бриз за цитолошки микртобиолошки испитувања,ЕХО,. колпоскопија, ПАП тестот итн.

Од УЈП биле затекнати 20 гинеколошки ординации со неиздавање фискални сметки. Директорката Елена Петрова им порача на пациентките дека за овие услуги пациентките треба да бараат фискална сметка.

За сите утврдени неправилностио изречени се глоби и казни. Контролите биле спроведувани во Скопје, Битола,Прилеп, Тетово,Штип и Струмица.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top