Македонија

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани на прес-конференција во Владата соопшти дека е отворен системот за електронско пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Системот за електронско пријавување ќе биде отворен до 30 октомври 2026 година, до 15:30 часот.

На прес-конференцијата, министерот Сулејмани истакна дека конкурсите се наменети за поддршка на квалитетни, иновативни и одржливи проекти што ја збогатуваат културната понуда, отвораат простор за нови креативни изрази, создаваат нова публика и придонесуваат за поголема регионална и меѓународна видливост на македонската култура.

„Културата ја гледаме како стратешка инвестиција во креативниот потенцијал и во одржливиот развој на нашето општество. Со конкурсите за 2027 година, продолжуваме со јасни и стабилни правила, но и со јасно поставена цел – да ги поддржиме проектите што имаат квалитет, визија и потенцијал да создадат долгорочна вредност. Очекуваме професионални и добро осмислени проекти од нашите уметници, здруженија и културни организации“, истакна министерот за култура и туризам Сулејмани.

Тој информираше дека во фокусот ќе бидат проекти со потенцијал за долгорочен придонес кон културниот развој преку институционална соработка, регионален досег, меѓународна афирмација и привлекување нова публика. Особено внимание ќе се посвети и на проектите што ќе се реализираат во пограничните зони, со цел културните содржини да бидат достапни во различни средини и да придонесат кон развојот на локалните заедници.

„Нашата политика е инклузивна, но и одговорна: ги поддржуваме сите што создаваат вредност, истовремено инсистирајќи на професионалност, одговорност и мерлив придонес. Државата стои цврсто зад своите уметници, институции и културни работници“, рече министерот Сулејмани, додавајќи дека со овие конкурси и со капиталните инвестиции кои се реализираат паралелно, се создаваат услови за стабилна, видлива и самоуверена култура.

Во однос на начинот на аплицирање и критериумите, министерот истакна дека за 2027 година се задржува воспоставениот реформски курс, нудејќи им на апликантите јасни, стабилни и веќе познати правила. Се задржува минималниот праг од 40 бода од вкупно 100 за финансиска поддршка, а оценувањето се врши според унифициран систем на бодување: до 70 бода за квалитетот на содржината, до 15 бода за човечките ресурси и до 15 бода за финансиската оправданост.

Министерот Сулејмани ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Пријавувањето за сите области се врши исклучиво електронски преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk. Пријави во печатена форма или по пошта нема да се разгледуваат. Годишните конкурси за 2027 година се објавени на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top