Македонија

Пет илјади евра отштета по напад од мечка

Инцидентот се случил во август 2022 година, кога човекот бил нападнат од дивото животно, кое го соборило и го каснало

Жител од кичевско ќе добие 5 илјади евра (300.000 илјади денари) надомест за физичка болка и страв што ги доживеал откако бил нападнат и повреден од мечка.

Инцидентот се случил во август 2022 година, кога човекот се враќал од полето кон својата куќа. Според податоците, без никаква провокација, бил нападнат од дивото животно, кое го соборило и го каснало. За време на нападот, тој се здобил со повреди на десната страна од челото и јаболчницата, како и модринки на дланките и бутот.

По инцидентот, тој бил хоспитализиран во Прилепската болница, каде што му биле хируршки третирани рани, а примил и вакцина против беснило. Поради последиците од нападот, тој побарал и психијатриска помош. Според медицинските наоди, болката со висок интензитет траела околу десет дена, особено во главата и дланките.

Основниот суд во Кичево првично досудил 350.000 денари за нематеријална штета. Сепак, по жалбата, случајот беше разгледан од Апелациониот суд во Гостивар, кој ја намали отштетата на 300.000 денари.

Со конечната одлука, на оштетениот му беа досудени 100.000 денари за физичка болка, 100.000 денари за претрпен страв, 50.000 денари за намалување на општата животна активност и 50.000 денари за душевна болка поради деформација.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top