Македонија

Ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи: Владата ќе ја поништи одлуката за нов авион

Изјава на премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата се откажува од набавка на нов авион по критиките од опозицијата, но нагласи дека лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба му рекол дека за таа тема нема да ја критикува Владата, бидејќи утре ќе биде друга влада, а воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни потреби.

Но, гледам дека не си стојат на зборот и ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и доколку починеме, тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок и дека е беспредметна – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, владиниот авион е во возна состојба, а иницијативата за набавка на нов потекнала од лицата кои го управуваат леталото.

Тие се тие кои иницираа да се обидеме да обезбедиме средства за да набавиме нов воздухоплов – рече Мицкоски.

Премиерот објасни колку пати го користел владиниот авион и каде летал со него. Мицкоски рече дека го користел авионот четири пати.

Еднаш на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, имав билатерална средба. Натаму патував со комерцијален лет до Виена, бидејќи еден од екипажот имаше приватни обврски, немаше можност да ме однесе до дестинацијата. За назад дојдоа, ме зедоа. Вториот пат бев на покана во Белград, тогаш отидов и се вратив. До Хрватска бев со комерцијален лет на Кроација ерлајнс до Сплит, на покана на хрватскиот претседател господинот Зоран Милановиќ. Имав работна вечера и мојот годишен одмор којшто требаше да трае три дена, го продолжив за еден ден да трае четири дена. И бидејќи го испуштив авионот повратно со комерцијален лет да се вратам во Скопје, а следниот ден имав неодложни обврски, владиниот воздухоплов дојде, ме зеде од аеродромот во Сплит и ме донесе во Скопје – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека летал со владиониот авион и до Тирана, а најави дека во јуни ќе оди со авионот еднодневно до Црна Гора.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top