Македонија

Кекеновски: Македонија ќе продолжи да постои со својот јазик, историја и идентитет, и покрај националистичката агенда и политичките притисоци на Радев и Софија!

„Веќе со години официјална Софија ја злоупотребува својата позиција во Европската Унија, за да наметнува билатерални историски, јазични и идентитетски услови кои немаат никаква врска со европското право, ниту со Копенхагенските критериуми. Но Румен Радев и Софија нема да можат да ја прекројуваат македонската историја и да ја редефинираат македонската национална свест на македонскиот народ! Бугарија се обидува да ја европеизира сопствената национална агенда, а Радев повторно се обидува да ја продава старата политичка приказна како нова европска вистина. Неговата порака дека ‘Мицкоски има проблем со Европската Унија, а не со Бугарија’ е пример за политичка манипулација, во која причината се претставува како последица, а виновникот како судија.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Радев повторно ја вергла истата плоча – овој пат во името на Европа“, која ја објави „Плус инфо“.

 

Натаму Кекеновски пишува: Парадоксално е што токму Радев зборува за владеење на правото, а молчи кога правото се заменува со политичко вето. Зборува за човекови права, а не признава дека правото на самоидентификација е едно од најтемелните човекови права. Зборува за европски вредности, а брани политика која е спротивна на самата идеја врз која е создадена Европската Унија. Уште поапсурдно е што секој инцидент во Македонија веднаш се претвора во доказ за „неевропско однесување“, додека систематските притисоци врз македонскиот идентитет треба да се прикажат како нормална европска политика. Тоа не е европска политика. Тоа е политички рецидив од едно време кога државите веруваа дека историјата може да се пишува со декрети, а идентитетите да се менуваат со политички одлуки. Некои политичари сè уште не излегле од таа матрица.

Македонија нема проблем со Европската Унија. Македонија има проблем со злоупотребата на Европската Унија од страна на Бугарија. Тоа се две сосема различни работи. И конечно, ако навистина сака да зборува за европска иднина, Радев најпрво треба да престане да ја користи Европа како параван за националистичките политики на Софија. Европа не смее да биде заложник на историски комплекси и политички фрустрации. Колку повеќе Радев се обидува да ја искриви вистината, толку поочигледно станува дека проблемот не е во Македонија, туку во политиката што тој упорно ја брани. Радев би требало да знае дека Европа не е империја во која една држава одлучува што ќе бидат историјата, јазикот и идентитетот на друга држава.

Но, неговата политичка матрица сè уште е заробена во времето кога вистината се создаваше на седниците на Политбирото, а не се утврдуваше преку науката, фактите и слободната волја на народите. Верува дека со политички притисок може да се препишуваат учебници, да се прекројува историјата и да се редефинира националната свест на еден народ, на македонскиот народ.

Тоа не е европска политика. Тоа е анахрона политичка доктрина која одамна требаше да остане во архивите на еднопартиските режими. Иронијата е што човек, кој толку често се повикува на европските вредности, всушност ја користи Европската Унија како инструмент за остварување на бугарски национални и историски претензии. Наместо да биде мост на добрососедството, Радев избра да биде чувар на една политика која живее од конфликти, историски ревизионизам и постојано произведување нови условувања. Најголемата заблуда на Радев е уверувањето дека вистината може бесконечно да се повторува додека не стане факт. Тоа можеби беше правило во времето на комунистичката пропаганда, но не и во демократска Европа. Денес документите, науката, меѓународното право и историските факти се многу посилни од секоја политичка изјава, колку и често да се повторува.

Затоа, колку повеќе Радев ја „вергла“ истата лекција, толку повеќе ја разобличува немоќта на политиката што ја застапува. Историјата нè учи дека ниту една политика изградена врз негирање на туѓиот идентитет не победила на долг рок. Империи пропаѓале, идеологии исчезнувале, а народите останувале. Македонија ќе продолжи да постои со својот јазик, својата историја и својот идентитет, без оглед колку пати Радев ќе ја „вергла“ истата плоча. Зашто лагата може да се повторува безброј пати, но вистината нема потреба од повторување, таа едноставно постои, заклучува професорот Јове Кекеновски во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Героски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Најнови вести

To top