Македонија

Кепеска: Со условите за нашиот влез во ЕУ Бугарија ги негира македонскиот народ, јазик и историја, а може да искаже права и врз „неидентификуваната“ македонска територија!

„Апсурдите на политиката на Бугарија, всушност, се јавуваат со нивниот историскиот пристап и пројавените стремежи кон македонскиот народ. Бугарија нашиот јазик го определува само како лингвистичка форма која ја зборува населението. Со тоа, не само што јазикот не е именуван како македонски, туку се определува дека е некој издвоен или „нормиран“ облик на говор. За […]

„Апсурдите на политиката на Бугарија, всушност, се јавуваат со нивниот историскиот пристап и пројавените стремежи кон македонскиот народ. Бугарија нашиот јазик го определува само како лингвистичка форма која ја зборува населението. Со тоа, не само што јазикот не е именуван како македонски, туку се определува дека е некој издвоен или „нормиран“ облик на говор. За да се постигне целосна јазична, културна, историска демакедонизација, се користи и Преспанскиот договор, со кој се губат македонските обележја на државата и на политичките институции и дел од културниот идентитет, одземајќи им го правото на Македонците на македонска држава и нација.“ – истакнува универзитетската професорка д-р Јованка Кепеска во интервју за Македонската информативна агенција – МИА.


Таа нагласува дека со бугарските услови за нашиот влез во ЕУ целосно се негираат македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската историја. „Следствено на тоа Бугарија го негира и македонското малцинство во Бугарија, инсистирајќи и Албанија да признае бугарско малцинство кај себеси. И покрај научната и правната теорија, кои укажуваат дека националните малцинства се делови од народот поврзани со матицата, Бугарија ја премостува територијата на Македонија, поврзувајќи го македонското (за Бугарија бугарско) малцинство во Албанија, со Бугарија. Тоа може да укаже и на можните потези на Бугарија за засновување права и врз сега ‘неидентификуваната’ македонска територија.“ – посочува Кепеска.

Како што објаснува таа, со ветото за прием во ЕУ од страна на Бугарија поставено е Македонија да се натера на откажување на идентитетот на македонскиот народ, кој „бил бугарски до 1944 год“, и од посебноста на македонскиот јазик, претставувајќи го само како уставен. Македонија да се услови да прифати Бугарите да се внесат во Уставот како конститутивен народ и да се институционализира неговата општествена позиција со цел преку образованието и културата, кај македонскиот народ, постапно, да се вгради бугарското чувство, – нагласува Кепеска.

Бугарија се стреми и да ја претстави кирилицата како бугарска азбука што ја создава св. Кирил и да се одбележува денот на првите просветители св. Кирил и Методиј да е бугарски државен празник.


Инаку, според Кепеска, нема место за „заедничка историја на македонскиот и на бугарскиот народ“ од времето на феудализмот, туку за споделена историја во некои периоди. „А уште помалку, може да има место за некаква нова нација. Затоа што македонската нација не настанува од ништо, или од некаков нов почеток во 21 век, туку таа се остварува во реален историски процес. За олку значајни општествени прашања е потребно долго разговарање и во неограничен рок. И со повеќедисциплинарен научен придонес, а не преку политички обврзани комисии.“ – истакнува Јованка Кепеска во интервјуто за МИА.

Јованка Кепеска (1940 година, Прилеп) е универзитетска професорка и социолог која со години се занимава со прашања поврзани со идентитетот, јазикот и државата. Таа е ќерка на авторот на Граматиката на македонскиот јазик Круме Кепески. Зад себе има повеќе од триста научни трудови, статии и есеи. Пишува за националниот идентитет, јазичната политика и односите на нашата држава со соседните држави. Со својата осма по ред книга „Македонски идентитетски прашања“ таа се надоврзува на темит,е со кои долго време се занимава: идентитетот, јазикот и местото на Македонија во современите политички и културни процеси.

Најнови вести од: Македонија

Ѓероски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Најнови вести

To top