Македонија

Кичево ќе добие нова современа болничка установа

Од Министерството за здравство наведуваат дека новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност и да обезбеди трајно здравствено решение за Кичево и околината.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светската банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа.

Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра.

„Кичево со децении се соочува со несоодветни болнички услови. Време е овој проблем да добие трајно и функционално решение. Целта е граѓаните да добијат сигурна здравствена грижа во својот град, а здравствените работници – современи услови за работа“, изјави Андовски.

Новиот комплекс ќе располага со современи простории за дијагностика, болничко лекување и ургентна нега, системи за медицински гасови, како и енергетски ефикасни решенија.

Болницата ќе обезбедува услуги за Општина Кичево и за населението од околните места, со што ќе се намали потребата пациентите да патуваат во Скопје, Охрид и Битола.

Од Министерството за здравство наведуваат дека новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност и да обезбеди трајно здравствено решение за Кичево и околината.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top