Македонија Бизнис

Ќе има нови мерки за маркетите ако се забележат „трикови“ од трговците

Откако цените по маркетите и зелените пазари буквало дивееја, Владата сега има план да носи мерки и да реагира ако забележи непринципиелно зголемување на цените, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека состојбата со цените „ја следи одблиску“. „Реков дека нема да толерирам трикови, внимателно следиме што се случува во маркетите и се разбира доколку […]

Откако цените по маркетите и зелените пазари буквало дивееја, Владата сега има план да носи мерки и да реагира ако забележи непринципиелно зголемување на цените, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека состојбата со цените „ја следи одблиску“.

  • Реков дека нема да толерирам трикови, внимателно следиме што се случува во маркетите и се разбира доколку има одредени непринципиелни однесувања што јас ги нарекувам трикови ќе делуваме. Инаку имаме во план да носиме мерки, со кои јавноста ќе биде запознаена благовремено“, рече Мицкоски.

На предлогот на Министерството за економија и труд, Владата на 20 февруари донесе мерка со која се ограничија маржите на стотина групи производи, додека на осум производи беа замрзнати цените. Меѓутоа, оваа мерка важеше до 30 април.

Но, според министерот за економија и труд, по ова нема драстично зголемување на цените.

  • Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки“, рече Дурмиши на 14 јуни.

Зголемување на цените беше забележано и од Државниот завод за статистика. Во својот последен извештај тој нотираше дека инфлацијата во мај се зголемила за 1,5 отсто во однос на април 2025, а во тоа најголем удел имало зголемувањето на трошоците за живот токму за храната и безалкохолните пијалаци каде тоа изнесувало 4,1 процент.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

Важно: Аеродромот во Скопје е отворен, но поради ниска видливост – откажани и пренасочени летови

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија.

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

Екс-директорот на Лотарија Бајрами заедно со Груби украле милиони евра државни пари

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна. Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Најнови вести

To top