Македонија Бизнис

Ќе купуваме ли домашни македонски производи?!

Владата најави кампања за поттикнување на купувањето домашни земјоделски производи, па затоа ќе анализираме колку храна се произведува во земјава, колку од суровините се од македонските ниви и колку се конкурентни цените на домашните производи. Следната недела ќе ја анализираме најавата на гувернерот за намалување или укинување на банкарските провизии. Ќе пишуваме за употребата на […]

Владата најави кампања за поттикнување на купувањето домашни земјоделски производи, па затоа ќе анализираме колку храна се произведува во земјава, колку од суровините се од македонските ниви и колку се конкурентни цените на домашните производи. Следната недела ќе ја анализираме најавата на гувернерот за намалување или укинување на банкарските провизии. Ќе пишуваме за употребата на вештачката интелигенција во медицината.

  • Кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“ за промоција на домашното земјоделско производство е во завршна фаза. Сите детали за оваа кампања, која е со огромна важност за македонските граѓани, земјоделци и преработувачи на храна, како и повеќе детали, ќе бидат споделени со јавноста од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Целта на Министерството и на Владата со кампањата е да се поттикне растот на домашната економија, со што директно ќе се влијае врз зголемувањето на потрошувачката на земјоделските производи што ги произведуваат македонските земјоделци – нагласуваат од Владата.

Според најавите, секој производ што е произведен во Македонија ќе биде обележан и лесно препознатлив, со што ќе им се овозможи на граѓаните полесно да ги препознаваат домашните продукти и со тоа да се зголеми побарувачката на македонските производи на пазарот, што треба да придонесе за зголемување на земјоделското производство во Македонија.

Со кампањата се предвидува секој производ да биде обележан дали е произведен во Македонија или е увезен од друга земја. Ќе анализираме како оди продажбата на автомобили, а ќе направиме и преглед за најдобрите електрични автомобили.

Каде да се инвестира, во САД или во Европа е едно од прашањата на кое ќе се обидеме да најдеме одговор, а ќе се провериме и колкави се шансите земјава поевтино да се задолжува.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top