Македонија

Ќе се формира Национален комитет за заштита на новинари

Националниот комитет ќе обезбедува координација меѓу институциите и медиумските организации, ќе предлага мерки за превенција и заштита и ќе ја следи безбедноста на новинарите во земјава

Министерството за внатрешни работи ја истакнува безбедноста на новинарите како врвен приоритет и најавува формирање на Национален комитет за заштита на новинари, кој ќе работи на системско унапредување на медиумската слобода и безбедноста на новинарите во земјава.

– Слободата на изразување и слободата на медиумите се основни демократски вредности. Безбедни новинари значат и силна демократија, отчетни институции и заштитени човекови права – истакнуваат од МВР.

Според планот, новоформираниот Комитет ќе обезбедува координација меѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор, ќе следи состојбата со безбедноста на новинарите, ќе предложи мерки за превенција, заштита и гонење на сторители, и ќе ја поддржи европската кампања „Новинарите се важни“ (Journalists Matter).

Во последните години, МВР и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) воспоставија регистар на напади врз новинари, изработија прирачници и спроведуваат обуки за полициски службеници и медиумски работници. Особено внимание се посветува на онлајн вознемирувања и закани, особено кон жените новинарки, каде е назначена контакт точка во Секторот за компјутерски криминал за брзо реагирање.

– За нас, безбедноста на новинарите е врвен приоритет. Градењето на доверба меѓу медиумите и институциите е клучно за заштита на слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана – велат од Министерството.

Формирањето на Националниот комитет и воведувањето системски мерки се очекува да ги подобрат условите за работа на новинарите и да ја зајакнат позицијата на земјата во меѓународните извештаи за медиумска слобода.

Најнови вести од: Македонија

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

To top