Македонија

Ќе се тестира „Безбеден град“ во Скопје, сообраќајот ќе се запира

Во првата седмица од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Скопје.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека системот „Безбеден град”, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се тестира, калибрира, а ќе се врши и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Поради тоа ќе има сопирање на сообраќајот.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 8 до 20 часот. За време на спроведување на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

„Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top