Македонија

Клековски: Утре ќе биде завршена микробиолошката анализа за Гостивар, граѓаните да се внимателни при високи температури

Институтот за јавно здравје ја водеше истрагата со земање на три примероци од вода за пиење и еден површински. Тешки метали, нема а микробиопошката анализа ќе биде завршена утре. 

Новиот министер за здравство Сашо Клековски го даде својот прв коментар за масовното труење со загадена вода во Гостивар и при тоа рече дека микробиолошката анализа ќе биде завршена утре, а граѓаните да внимаваат при конзумациите на вода и храна кога температурите се високи.

  • Во болницата во Гостивар нема задржани и сите лекувањето го продолжуваат дома, поради тоа не беа алармирани другите клиники, бидејќи немаше потреба од дополнителна реакција.

Институтот за јавно здравје ја водеше истрагата со земање на три примероци од вода за пиење и еден површински. Тешки метали, нема а микробиопошката анализа ќе биде завршена утре.

Неофицијално е дека клиничката слика и симптомите укажуваат на бактериска инфекција, обемот на опфатеност е над 1.000 луѓе. Што е точниот извор на проблемот, ќе биде познат наредните денови. Бидејќи влеговме во денови со високи температури, граѓаните да бидат внимателни во конзумацијата на храна и вода, бидејќи овој тип на температури погодуваат во ширење на бактерии, рече Клековски во интервјуто за МТВ.

Најнови вести од: Македонија

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top