Македонија

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

„Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за Гостивар. Таму ќе биде наведено што и како и кои институции што направиле. Самите резултати од испитувањето на водата се сопственост на Јавното комунално претпријатие од Гостивар и на Град Гостивар. Она што Министерството ќе го објави се резултатите кои беа релевантни за епидемијата, а тоа е од 1 јануари 2026 до врвот на епидемијата. Бидејќи тоа се дневни контроли на водата, не гледам ништо спорно да бидат објавени и од Јавното комунално претпријатие и од Центарот за јавно здравје“, рече Клековски.

Додаде дека резултатите се достапни во центрите за јавно здравје и ќе бидат објавени.


„Целта е од оваа епидемија да излеземе отворено и јасно и со научени лекции. Бидејќи состојбите, особено во Гостивар, се повторуваат и треба структурно да видиме каков е проблемот во водоводот, дали имаме проблеми во реакцијата на институциите, бидејќи повеќе институции се одговорни за ова – Јавното комунално, АХВ, центрите за јавно здравје преку националната програма. И ќе ги соопштиме сите работи најтранспарентно, ништо нема да биде премолчено. Ќе ги објавиме и од 2017 и од 2019… она што е сопственост на Министерството. А тоа се тестирањата правени со националната програма. А тие што се сопственост на Јавното комунално претпријатие, треба тоа да ги објави“, рече Клековски.

Во однос на дезинформациите што се појавија дека водата во Скопје наводно е загадена со ешерихија коли, Клековски рече дека тоа да било вистина, сега директорот на Инфективната клиника немаше да зборува за западнонилска треска, туку ќе бараше да поставуваме контејнери за да ги згрижиме сите што ќе дојдат на преглед.

„Би сакал да не бидам погрешно сфатен, меѓутоа сензационализмот дека на некоја селска чешма или на некој бунар имало неисправна вода… Јас со вода сум се занимавал во мојата претходна кариера. Во Македонија, во рурална Македонија, плиток бунар, јавна чешма речиси и да нема исправна. И на многу од нив убаво си пишува ‘водата не е за пиење’. Бактериолошка загаденост има секаде и нема потреба да создаваме вест од нешто што не е вест. Се знае каде е безбедно, каде не е безбедно. Си има и на убави објекти има и табла ‘водата не е за пиење’. Не сакам да се повторувам, во хотел со пет ѕвездички на охридското крајбрежје има предупредување ‘водата не е за пиење’. Значи, нема потреба од создавање дополнителна паника, луѓето што живеат во рурални населени места знаат што се пие, што не се пие, најчесто и тоа е означено“, додаде Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите – нивно изземање од шенгенските ограничувања

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите предлага Стопанската комора како решение за проблемот со македонските транспортери.

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

Западнонилската треска однесе живот и на 70-годишен пациент на Инфективната клиника во Скопје

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика, изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Акција на МВР и АНБ: Во Скопје приведени повеќе лица, поради сомнение за тероризам

На повеќе локации во Скопје во тек е полициско-безбедносна акција во која се приведени повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Политико“: „Патокази“ од ЕУ и забрзување на влезот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, не и на Македонија!

Нов преседан на Брисел. Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија функционери од Брисел за европскиот аналитички магазин „Политико“. За Македонија нема ниту патокази, ниту сигнали за придвижување на нејзиниот евроинтеграциски процес, ниту ништо!

Сиљановска-Давкова на Салцбург самит: По 21 година кандидати и 17 позитивни извештаи на потег е ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“

To top