Македонија

Кнаус до Фон дер Лајен, Макрон, Мерц и Мелони: Се случува очекувано предавство и катастрофа со Македонија и други 5 земји

Ќе пропадне секаде освен ако политиката не се промени брзо.

xr:d:DAEFZ0juoFE:602,j:1859267760271586188,t:23102413

Шефот на влијателната организација Европска иницијатива за стабилност Гералд Кнаус упатува апел но и обвинување до шефовите на Европската Комисија, германската, француската и италијанската влада Фон дер Лајен, Макрон, Мерц и Мелони.

Кнаус вели дека се случува очекувано предавство и катастрофа во процесот на проширување со сите земји кандидати меѓу кои е и Македонија.

 

,,Политиката за проширување на ЕУ не успеа во Турција.

Не успеа во Грузија.

Не успеа во Србија.

Не успева во С. Македонија.

 

Ќе пропадне и во Молдавија и Украина… освен ако политиката не се промени брзо.

 

Ова би било катастрофа и предавство, но НЕ е изненадувачки”, пишува Кнаус кој реагира на анализа на проширувањето на екс литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

 

Според Кнаус кој има директен пристап до Берлин, Париз и Рим политиката на проширувањето не успева од причини кои беа очигледни во 2019 година, а не се променети оттогаш.

 

Неговата организација ESI оваа ситуација која ја опиша како „балканската стапица“ за Украина ја опиша уште во 2022 година во свој извештај за проширувањето на ЕУ.

Кнаус не ги спомнува Косово и Босна и Херцеговина во својот апел до европските лидери.

 

,,Дали Фон Дер Лајен @vonderleyen Фридрих Месец @_FriedrichMerz, Џорџа Меолни @GiorgiaMeloni, Емануел Макрон  @EmmanuelMacron ќе чујат и ќе дејствуваат?”, прашува Кнаус.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

To top