Македонија

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Настанот беше реализиран како дел од годишната програма на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, во рамките на програмските активности посветени на афирмацијата на македонската култура, книжевност и историско наследство. Книжевната вечер се надоврза на одбележувањето на 23 Октомври — Денот на македонската револуционерна борба, претставувајќи уште еден настан преку кој се негува сеќавањето на личностите и историските процеси што оставиле значајна трага во македонската историја.

Домаќин на книжевната вечер беше Македонскиот културно-информативен центар во Софија, предводен од директорот, проф. д-р Зоран Пејковски, кој преку својата работа и културните иницијативи придонесува за афирмација на македонската култура, јазик и книжевност, како и за создавање простор за културна соработка, дијалог и размена на идеи.

На почетокот на настанот, свое обраќање имаше амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија Крум Ефремов, кој официјално ја отвори книжевната вечер.

Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации.

Посебно место во програмата имаше драмското дело „Црнила“ на македонскиот драмски автор Коле Чашуле, кое преку уметничката интерпретација на трагичните историски настани отвора прашања за идеалите, човечките судбини, политичките противречности и последиците од внатрешните поделби. Преку ова дело, книжевноста се потврди како мост меѓу минатото и сегашноста, поттикнувајќи размислување за одговорноста, историското паметење и вредностите што се пренесуваат низ генерациите.

За делото „Црнилата на себеубивањето“ и неговите книжевни, историски и идејни значења говореше доц. д-р Анита Ангелевска.

Со организирањето на вакви културни средби, Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја потврди својата улога како значаен простор за промоција на македонското книжевно и културно творештво, афирмација на историското наследство и негување на културниот дијалог.

Книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“ помина во знакот на почитта кон Ѓорче Петров и на уверувањето дека литературата има трајна моќ да ги оживува историските личности, да го чува колективното паметење и да ги поврзува културата, историјата и современото општество. Со овој настан, Македонскиот културно-информативен центар уште еднаш ја истакна важноста на континуираното културно дејствување и на одбележувањето на значајните датуми и личности од македонската историја преку книжевноста и уметноста.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top