Македонија Бизнис

Кога граѓаните навистина ќе го почувствуваат ефектот од економскиот раст?!

Добри податоци за македонската економија од институциите кои ги следат параметрите. Државната статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година е 3% во однос на истото тримесечје од 2024 година. Притоа оттаму укажаа дека поголем пораст е забележан во секторите градежништво и стручни, научни и технички дејности, како […]

Добри податоци за македонската економија од институциите кои ги следат параметрите. Државната статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година е 3% во однос на истото тримесечје од 2024 година. Притоа оттаму укажаа дека поголем пораст е забележан во секторите градежништво и стручни, научни и технички дејности, како и во секторите административни и помошни услужни дејности и информации и комуникации.

Охрабрувачката вест на ДЗС ја дополни и Владата со уште пооптимистички информации. Имено, од своја страна, таа во соопштение за јавноста истакнува дека „Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, а пред нас се Ирска, Данска и Полска“.

  • Растот е поголем за трипати повеќе од лани. Ова се должи на успешните економски политики на Владата. Нашата заложба е ова да продолжи, затоа носиме политики што ја поттикнуваат економијата да се развива. За разлика од претходните години кога македонската економија беше на дното целосно девалвирана, сега имаме целосно придвижување напред – велат од Владата.

Но тука се поставува и прашањето на што се должи економскиот раст?! Економистите од своја страна толкуваат дека навистина „растот е позитивна вест, но сѐ уште е рано за еуфорија“.

  • Добро е, но да не брзаме со еуфоријата. Поспокојно со емоциите, а подинамично со работа и со посветеност кон ова прашање. Да сумираме, во првиот квартал од 2025, БДП се зголеми за 3 отсто на годишна основа, задржувајќи ја динамиката од претходната година. Остварувањето е во линија со нашите очекувањата изразени во претходниот макроекономски монитор и проекцијата од 3,5 проценти за целата 2025 година. Растот во личната потрошувачка, 2,1 отсто, е одраз на позитивниот реален раст на платите, растот на пензиите и на забрзаниот раст на кредитната поддршка на домаќинствата, додека растот на јавната потрошувачка, од 1,1 процент, забави по интензивирањето во текот на 2024 – објаснуваат од институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Од институтот потенцираат дека врз растот на бруто-домашниот производ (БДП) големо влијание имаат инвестициите.

  • Вкупниот раст на БДП е воден и од растот на бруто-инвестициите – 18 отсто, но овој раст останува високоваријабилен. Додека, извозот 1,2 процент и увозот 5,8 отсто продолжија да ги рефлектираат неизвесностите кај трговските партнери на европскиот континент. На производната страна, растот во овој квартал е на поширока основа од претходно, со солидни остварувања кај преработувачката индустрија од 3,7 проценти и градежништвото со 7,1 отсто, но за сметка на благо забавување на растот на услугите од 2,2 проценти – појаснуваат од „Фајненс тинк“.

Растот на домашната економија е позитивна вест, сепак, тоа не значи дека не треба и во иднина да бидеме внимателни и на штрек. Зошто? Затоа што турбуленциите на светските пазари и понатаму се присутни, дополнително војната во Украина се усложнува. Токму тоа и понатаму за нас (а и пошироко) ја прави економската состојба многу неизвесна. Натаму, непредвидливоста како негативен фактор се наметнува и со воведувањето на тарифите од страна на една од најголемите економски сили во светот. Затоа, многу внимателно, без еуфорични емоции, барем за сега.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top