Македонија

Кога нема правда, жените ја плаќаат цената… – Протестен марш за 8 Март

На протестот се приклучија и активисти за поддршка на Палестина

Во Скопје започнa протестниот марш .

Со протестниот марш по повод 8 Март се одбележува Меѓународен ден на жената, под мотото: Кога нема правда, жените ја плаќаат цената… и со сопствениот живот.

Со минута молк и пораки за правда започна денешниот традиционален Осмомартовски марш во Скопје, организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија.

Маршот стартуваше точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата на Вера Јоциќ.

Учесниците на маршот носеа транспаренти со пораката „Нема да нè снема“, како што велат организаторите, ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат во систем и општество што ја загрозуваат нивната безбедност, не ги штитат од насилници, ги забораваат, ги оставаат на маргините и ги бришат.

Учесниците на маршот истакнаа дека празничните честитки не се доволни, доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација.

Маршот се одржува во чест на борбата за женските права и историската традиција на 8 Март, кој симболизира солидарност и отпор во борбата за еднаквост и достоинствен живот.

На протестот се приклучија и активисти за поддршка на Палестина.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top