Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од амбасадорот на Русија

Претседателката посакува Велигден да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги примила акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.

Според соопштението од кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова изразила уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.

За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија.

Тој изразил подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот, стои во соопштението.

,,Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба”, порачала претседателката на средбата со рускиот амбасадор.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top