Македонија

Кога профитот е поважен од вода: Продавач во Гама Маркет(позади универзална) одби да наплати вода со картичка на 40+ степени

Се надеваме дека Државниот пазарен инспекторат ќе реагира и ќе ги санкционира ваквите случаи, за да престанат да се повторуваат.

Во услови на екстремни температури во центарот на Скопје, граѓанин кој денеска влегол во маркет за да купи вода се соочил со необична ситуација.

Продавачот одбил да му ја наплати водата со платежна картичка, образложувајќи дека „не му се исплати“.

Според исказот, тој влегол во продавницата токму поради високите температури, со намера брзо да купи вода и да плати безготовински.

Сепак, господинот на касата ја одбил трансакцијата, тврдејќи дека за мала сума како една вода, трошоците за провизијата не му се исплати.

Станува збор за Гама Маркет, кој се наоѓа позади Универзална сала во Скопје.

Ситуацијата лесно можела да заврши многу посериозно. Во ваква жега, само неколку минути без вода се доволни човек да се дехидрира, да му се слоши, па дури и да колабира на улица.

Ако граѓанинот веќе бил исцрпен од температурите, одбивањето на плаќањето со картичка можело да значи дека останува без најосновното – вода, во моментот кога му е најпотребна.

Што вели законот?

Според Законот за трговија и прописите за регистрирање на готовински плаќања, трговците се должни да имаат фискална каса поврзана со УЈП, како и ПОС-терминал (читач на картички).

Одбивањето на плаќање со картичка, особено кај малите трговци, е честа пракса поради провизиите (кои за мали објекти се движат околу 0,8–1,3 %), но според експертите тоа е спротивно на законот.

Се надеваме дека Државниот пазарен инспекторат ќе реагира и ќе ги санкционира ваквите случаи, за да престанат да се повторуваат.

Граѓанинот во близина нашол друг маркет каде без проблем купил вода и платил со картичка, но постапката на Гама Маркет останува запаметена.

Најчитани вести

Сиљановска-Давкова дел од прекрасна спонтана атракција во Охрид

Претседателката не одолеала на младешкиот повик и се фатила на оро во Охрид (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top