Македонија

Претседателката не одолеала на младешкиот повик и се фатила на оро во Охрид (ВИДЕО)

Спонтана атракција во близина на ,,Сараишче”

Интересна ситуација во стариот град во Охрид каде вчера спонтано десетина млади луѓе заиграле оро на сред улица.

Предизвикани од уличните свирачи кои настапуваат на скалите кај куќата на Уранија во стариот град група млади луѓе заиграле македонско оро и приредиле атракција особено за странските туристи.

На ова место каде секоја вечер илјадници туристи минувачи и уживаат во шареноликиот репертоар на уличните музичари се нашла и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Според нашите читатели кои ни го пратија видеото претседателката не одолеала на младешкиот повик и се фатила на орото во кое според видеото учествуваат десетина млади луѓе.

Сиљановска-Давкова е позната по љубовта кон различни танци. Таа на Галичник за време на ,,Галичка свадба” веќе традиционално се фаќа на орото со зетот и невестата, а неретко може да се видат и видеа нанкои таа игра и рок енд рол.

Ова оро во Охрид се играло на песната Јовано, Јованке.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top